20 Декември, 2025
0.0723

Како да создадете блог кој ќе ви носи пари!?

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2015 09:34

Добивај вести на Viber

Постојат многу фактори кои треба да бидат земени во предвид при изборот на тема за вашиот блог, кој да доведе до посакуваната добивка и да овозможи изградба на поголема и посветена публика, пишува The Entrepreneur. Треба да помислите на јавниот интерес, доколку ја познавате темата, нејзината долгорочност и интересот кој таа би го предизвикала. Освен тоа е важно да се обрне внимание на конкуренцијата и да дизајнирате начин да доставувате содржина, што е различна, подобра и примамлива, открива експертот за претприемништво и маркетинг во сферата на медиумите Џејсон Р. Рич во својата книга "Start Your Own Business " Авторот препорачува да се започне со брејнсторминг за генерирање на неколку теми за развој, кои можете да ги користите. Потоа доаѓа подетално разгледување на следните прашања: - Која е вашата публика, која ќе чита на оваа тема? Како блогер ќе можете ли да одговорите на очекувањата на оваа публика и да креирате содржина на начин на кој читателот ќе се поврзе со него? - Ќе се задржи ли темата во времето? Ќе биде ли релевантна по шест месеци, година, две години или по пет години? - Колкава е вашата публика заинтересирана за оваа тема? Како ќе дојдете до неа, за да ја информирате за вашиот блог? - Ќе има ли доволно за пишување на оваа тема и по определено време? Можете ли да напишете барем 25 работи на ова прашање? Ќе можете ли да испраќате нови нешта во вашиот блог и да доставувате свежи содржини на долг рок? - Колку конкуренти имате, кога станува збор за предметната тема? Размислете за други блогови, сајтови, списанија, весници, телевизиски емисии, радио емисии, YouTube канали, Facebook страници и други содржини, што е исто така таргетирање кон вашата публика. - Што ќе направите различно, за да ја направите содржината попривлечна, интересна, забавна и интерактивна? За секоја потенцијална тема за напис на блогот можете да предложите своето мислење, искуство, коментар, вести и совети, како и да се продлабочи во подтеми поврзани со неа, или на полемиката која предизвикува, бидејќи тоа е начин да се вклучи и вашата публика. Еве и неколку области во кои можете да се насочите. Одредена индустрија. Се фокусира на одредена индустрија и пишувате за неа како целина. Голем дел од времето за подготовка на содржини ќе поминува во потрага по вести за индустријата, следење на трендовите во неа, наведување кој успеал да се пробие во неа и да барате озборувања. Лични блогови. Многу успешни блогери не покриваат одредена тема, туку пишуваат за многу работи, но на забавен начин. Ако сте добар во освојување на Насмевката на луѓето, пробајте со хумористичен блог. Ако сте уметник, фоготраф, музичар, композитор, писател или поет можете да ја споделите вашата работа онлајн и да си изградите фан база. Политика. Дали имате информирано и јасно мислење или интересен начин за пренесување на мислењето и идеите? Може да се разгледа за политички блог. Ако го изберете ова, но не сакате да го откривате личното мислење, размислете за вашиот блог, како за филтер, кој им помага на читателите да се ориентираат. Блог за хоби и специјални интерси. Многу луѓе имаат постигнато неверојатен успех ако пишуваат само на тема за која се многу запалени – своето хоби. Блогосферата е полна со забава, информативни и блогови со совети за секакви хоби. Трикот тука е да најдете гранка која ја познавате и сте заинтересирани за неа. Друго. Не се ограничувајте до гореспоменатите области. Постојат илјадници можности кои заслужуваат да бидат истражени. Човек никогаш не знае што ќе се појави и ќе го предизвика интересот на милиони луѓе, особено на интернет. Ако имате луда идеја која може да проработи, дајте и нејзина шанса. Кога ќе изберете за што да пишувате на вашиот блог, запомнете да изберете теми кои не се минливи. Јавниот интерес ретко се задржува на една тема предолго, па не заборавајте да изберете тема која ќе ја заинтересира вашата целна публика за долго време и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина. Исто така треба да се развие и да се продлабочува знаењето за темата, ако сакате читателите да ве сватат сериозно. Тие нема да читаат работи кои веќе ги знаат или сметаат за неинтересени. Затоа не избирајте тема која ви е нејасна или воопшто не ја познавате. Обработка: К.К. Извор: The Entrepreneur

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии