КАКО ДЕТЕ ПРОДАВАЛ ПЕРЕЦИ: Денес е моќен политичар кој се противи на Западот и Европа
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2018
Роден во 1954-та година во семејство кое што живеело на црноморскиот брег, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган израснал во скромни услови во работничкиот дел на Истанбул. Како дете на улиците продавал переци и вода, а во 1999-та година бил уапсен поради неговиот страствен говор во кој што ја цитирал контроверзната песна „Минарињата се нашите бајонети“. Потоа, неговата политичка кариера потоа доживеала голем подем.
Во 2002-ра година Ердоган ја основаше партијата „АКП“ и дојде на власт во Турција. Веќе следната година стана премиер и остана на таа должност до 2014-та година, а во тој период Турција забележа економски раст и може да се каже дека Ердоган ја предводеше „модерна Турција“ кон европското семејство.
Во 2004-та година Ердоган ја укина смртната казна, а во 2005-та година се отворени преговорите за влез на Турција во ЕУ. Турција на Ердоган покажа дека Исламот и демократијата не мора да бидат во конфликт. Тој дури и започна мировен процес со Работничката партија на Курдистан, но 10 години подоцна, сето тоа ескалираше во војна.
Со оглед на тоа што во статутот на „АКП“ пишува дека премиер на Турција не може да биде повеќе од четири пати по ред, тој се кандидираше за претседател на државата во 2014-та година и победи на изборите. Но, се покажа дека тој сака да го смени Уставот на Турција и да ја преобрати државата од парламентарна во претседателска република.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.