Како до рамен стомак и здрав метаболизам? Јадете ја оваа намирница!
Објавено во: Стил 20 Декември, 2014 14:21
Сировите бадеми ја забрзуваат работата на метаболизмот а според направените истражувања, секојдневната конзумација на бадеми ја забрзува постапката за слабеење дури за 62 посто. Нивото на вкупна телесна маса се намалува дури за 56 посто, слабеењето околу стомакот се забрзува за 50 посто. Една порција подразбира околу 23 бадеми кои се сосема доволни за задоволување на потребата на организмот за протеини и незаситени масни киселини.
Имено, за губење на абдоминалната маснотија клучни се токму протеините. Токму затоа бадемите се сјаен избор бидејќи освен што содржат протеини, избилуваат и со сите хранливи материи кои се потребни за брзо и здраво отстранување на вишокот на маснотии.
Од друга страна, бадемите бавно се разградуваат па оставаат долготрајно чуство на ситост, што ќе ве запре во посегнувањето кон храна која на вашиот организам не му е потребна. Бадемите се и полни со диетални влакна кои се неизоставни за правилна работа на системот за варење. Исто така, научниците докажале дека бадемите успешно го намалуваат индексот на телесна маса, помагаат во изградба на мускулна маса, го регулираат крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта со што го намалуваат ризикот од настанување на бројни болести, како што се кардиоваскуларни болести, рак на дебело црево, дијабетес итн.
Ако не се храните правилно, вашиот стомак нема да стане рамен, затоа внимавајте на времето на внесување на храна, правилна и здрава исхрана и секојдневно вежбање. Комбинацијата на овие фактори ќе ве доведе до посакуваната телесна тежина и здраво тело.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






