06 Декември, 2025
0.0323

Како и влијаат диетите на нашата кожа?

Објавено во: Стил 19 Август, 2014 16:48

Добивај вести на Viber

Честите флуктуации на тежината, особено ако се случуваат брзо и во краток период, може да остават последици на вашата кожа. Како што знаеме, кожата е најголемиот орган на целото тело. Резервите на масти можат да го поттикнат развојот на болестите на кожата. Растегливоста на пример, е резултат од промените на колаген во кожата и доаѓа до проширување на кожата надвор од нејзините граници. Кога нема доволно колаген, вените се прошируваат и се формираат виолетово-црвени стрии а откако ќе изгубат пигмент тие стануваат бели. Ова најчесто се случува за време на бременоста и исто така при примената на драстични диети. Затоа подобро да ги избегнувате, мислам да диетите. Нормалното зголемување на тежината се должи на зголеменото количество храна кое го внесувате. Значи фигуративно кажано, сте го преплавиле вашето тело со вишок масти, шеќер и конзерванси. Забележуваме дека вишокот на шеќер е главен помагач во процесот на стареење на кожата, бидејќи го спречува производството на колаген.

Од друга страна е брзото губење на тежината.

Во брзото губење на тежината кожата не може да реагира доволно брзо и лесно, а ефектот ќе го видите во областа на бутунуте, стомакот, рацете па дури и на лицето.

Ете зашто нутриционистите ги негираат брзите диети и ги советуваат пациентите да се одлучат за здрава исхрана и вежби. Всушност, здрав начин на живот во комбинација со соодветни вежби и физички активност може да ве направи да изгледате помладо. А нели тоа сите го сакаме?

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: