20 Декември, 2025
0.0480

КАКО ИНФЛАЦИЈАТА НИ ГИ ИЗЕДЕ ПЛАТИТЕ: Сурова статистика - џабе растот

Објавено во: Економија 11 Април, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Галопирачкиот раст на цените го изеде растот на платите во земјава. Иако официјално и статистички забележан е раст на платите, зголемувањето на трошоците за живот е поголемо, па излегува дека платите всушност се намалени. Статистиката понекогаш е сурова, а во моментов тоа е така ако се споредуваат овие два економски показатели. Државниот завод за статистика објави во март дека просечната исплатена нето плата во јануари годинава е 29.980 денари што е за 6 отсто повисока плата од таа која била просечна во јануари истаиот месец лани. Сепак во тој месец растот на трошоците за живот е 6,7 отсто што значи дека платите имаат негативен раст од 0,7 отсто, или не се зголемиле туку се намалиле за толку проценти. Статистика во меѓувреме објави податоци за трошоците за живот и во февруари и во март, а во третиот месец забележан е значаен пораст на инфлацијата. Имено во тој месец споредено со истиот месец лани, трошоците за живот пораснале за 8,8 отсто. Тоа значи дека и во овој месец, веќе е изгледно, инфлацијата ќе го намали растот на платите.

Од март годинава треба да се исплати повисока минимална плата која е зголемена на 18.000 денари. Според договорот со синдикатите, државата ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот ќе бидат одвоени 16 милиони евра до крајот на годината. Првата покачена минимална плата работниците ја добиваат во текот на овој месец, но ништо не навестува дека растот кој ќе се огледа во просекот ќе значи и реално зголемување на примањата, особено ако се има предвид податокот за стапката на инфлација од 8,8 отсто во тој месец.

Серијата поскапувања кои најмногу се должат на кризата во снабдувањето на основните производи поради пандемијата, но сега најмногу поради руско-украинската криза, веќе се чувствува во земјава, како и во регионот, но и глобално. Недостигот на извесни производи предизвикува зголемена побарувачка, што дополнително го одвртува инфлаторниот притиоск. Зголемените трошења кои ги услови извесното олабавување на пандемискиот притисок, па и официјалното зголемување на платите дополнително го забрза растот на цените. Има ли начин како да се заузда овој притисок?

Министерот за финансии Фатмир Бесими во својата последна колумна вели дека за нашата економија фискалниот одговор досега се проценува на околу 615 милиони евра. Најави дополнителни мерки во делот на земјоделството, особено за главните култури и воопшто тоа што е погодено со ценовниот шок. 

„Исто така, се следат и количините и цените на основните производи на пазарот и цените за да се одговори навремено. Во меѓувреме се бараат начини за поддршка на општините и споделување на товарот од енергетската криза. Притоа, Владата веќе презема мерки и за дополнителни заштеди во јавниот сектор со намалување на трошоците на стоки и услуги за 10 проценти, како и минимизирање на непродуктивни трошоци за мебел, возила и оптимизација на службени патувања. Следни чекори остануваат ребалансот (со ревидирани макроекономски и фискални проекции), како и начинот на финансирање на мерките за ублажување на ефектите од постојната криза, притоа да се задржи компонентата на раст на економијата, а во исто време да ги задржиме контурите за фискална консолидација на среден рок во услови на раст на цените и на каматните стапки, вели Бесими.

Инаку ССМ и гранските синдикати бараат најмалку 2.800 денари веднаш зголемување на платите во приватниот и во јавниот сектор. Синдикалната минимална кошница во март изнесува 36.768 денари, или истата е зголемена за 3.046 денари.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?