Како марихуаната го менува мозокот?
Објавено во: Стил 18 Ноември, 2014 19:05
Редовната конзумација на марихуана резултира со промени во структурата на мозокот, објавиле истражувачи од Универзитетот во Тексас.
Анализите добиени со помош на уредите за магнетна резонанца покажуваат дека долготрајната конзумација на марихуана е поврзана со намалување на обемот на дел од мозокот поврзан со процесот на донесување одлуки и развој на зависност.
Исто така, доаѓа до промени во функциите на останатите делови на мозокот кои со зголемена работа се обидуваат да го компензираат овој губиток.
Во истражувањето се користени податоци соберени од 48 возрасни конзументи на марихуана и 62 испитаници од контролна група, при што конзументите на марихуана пушеле во просек три пати дневно во текот на 10 години.
Научниците воочените промени во структурата на мозокот ја објаснуваат со дејствување на THC, главната состојка на марихуаната.
Според нивните зборови, ова појава била најизразена кај лицата кои марихуаната почнале да ја користат додека биле млади.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





