Како му помага хидротерапијата на вашето тело?
Објавено во: Стил 24 Јули, 2014 19:50
Џакузито, бањите, римските бањи како и базените се сите примери за хидротерапија. Повеќето од нас ги имаат барем некои од овие производи во својот дом.
Корист
Хидротерапијата е докажана како високо-ефикасна форма на природна терапија која го стимулира ендорфинот кој пак ви помага во контролирањето на болката и намалувањето на притисокот. Џакузито ослободува милион големи меурчиња кои ја намалуваат тензијата во мускулите и ви помагаат во намалувањето на отокот на зглобовите со што ви се зголемува мобилноста и болката исчезнува. Хидробањата ослободува и мали меурчиња кои имаат смирувачки ефект на вашето тело со што ги намалуваат тензијата и стресот. Кога имате болки или сте под стрес, хемиските промени во вашето тело можат да доведат до зголемување на крвниот притисок и пулскот на срцето. Редовната хидротерапија може да ви помогне во намалувањето на овие симптоми со тоа што ќе го намали отокот во зглобовите и ќе ве ослободи од стресот. Ова ќе ви помогне да се релаксирате со што полесно ќе се соочите со болката.
Вежбите во вода и артритисот
Смирувачката топлина на водата е идеална за намалување на артритичните болки и вкочанетоста и за подобрување на движењето на зглобовите погодени од оваа болест.
Вежбањето во базен со топла вода и топлата бања е еден начин на хидротерапија. Топлата вода ја зголемува температурата на телото со што доаѓа до проширување на крвните садови и подобрување на циркулацијата.
Вежбите во вода се идеален начин за вежбање на зглобовите и мускулите. Водата им дава поддршка на зглобовите и го намалува притисокот врз нив со што го подобрува движењето а, исто така, и дејствува како отпор за вежбање на мускулите. Минералните бањи ја даваат третата компонента на терапијата – масажата. Меурчињата кои се ослободуваат се мешавина од топла вода и воздух ви го масираат телото и ви помагаат да се ослободите од напнатоста во мускулите. Консултирајте се со вашиот лекар за да дознаете дали вежбите во вода се вистинските за вас.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





