18 Мај, 2024
0.0294

Како Норвешка ќе се заштити од мигрантите?

Објавено во: Свет 25 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Поради ланскиот прилив на мигранти, Норвешка подига железна ограда по арктичката граница со Русија.

Од Владата велат дека новата ограда крај граничниот премин Сторског, долга 200 метри и висока 3,5 метри, е потребна за обезбедување на внатрешната безбедност. Оградата ќе биде готова скоро пред да се дојде зима.

Веста предизвика протести кај организациите за човекови права и стравувања како овој потег ќе влијае на односите со Москва, пишува Ројтерс.

Скандинавските земји долги години беа синоним на рај за барателите на азил.

Слична е и ситуацијата во соседна Шведска, која беше со статус на „хуманитарна суперсила“, но по големиот бегалски бран лани воведе гранична контрола и ги заостри правилата за азил.

Според активисти, предметната ограда по норвешката граница ќе го стави во опасност животот на луѓето. Тие сметаат дека изградбата на сличен објект извивиква непријатни спомени од времето на Студената војна во регион каде билатералните односи се развиваа позитивно по колапсот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Патот што минува низ Русија и Норвешка, ретко е користен од мигрантите. Од почетокот на годината, никој не влегол во северната граница, за да бара азил, објаснуваат од норвешкиот директорат за имиграција.

Од руска страна, има уште 196-километарска ограда долж границата со Норвешка. Понекогаш таа е неколку километри подалеку од линијата на поделба.

Норвежаните и Русите во овој регион можат да ја преминат границата без визи при кратки патувања. Лани тоа направиле 250 000 лица, што е пад во однос на претходните години, но огромен напредок во однос на 5000 лица годишно за време на Студената војна.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков