Како профитот на „Жито Лукс“ нарасна 8 пати за 3 месеци?
Објавено во: Економија 16 Август, 2018
88 640 евра изнесува сумата која најголемата скопска комапнија за леб и пецива „Жито Лукс„ ја прокнижила за првите шест месеци.
Податоците од билансот на компанијата покажуваат дека добивката е поголема за 78 000 евра споредбено со добивката која е остварена за првите три месеци оваа година.
Добивката во период април-јуни пораснала за 8 пати а клучот за успех на зголемена квартална добивка се оперативните приходи кои во вториот квартал се за над 200.000 евра поголеми од првото полугодие.