КАКО РАБОТЕШЕ АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА „АПТИВ“ ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ? – најавуваат заминување од македонскиот пазар
Објавено во: Финансии 10 Ноември, 2025 09:19
Најавата дека американската компанија „Аптив“ наскоро ќе го напушти нашиот пазар, а за овој потег согласно досегашните информации и шпекулации веќе се подготвувале.
Компанијата според досегашните информации ќе продолжи да работи до крајот на следната година, но веќе го подготвува теренот за напуштање на нашата земја.
Како што веќе е познато во јавноста компанијата во Македонија е основата во 2015 година во Технолошката индустриска зона и станува збро за Друштво со ограничена одговорнсот. Официјалните податоци покажуваат дека фирмата во нашата земја е во сопственост на „Аптив Сервисес Хунгари Карлотолот Фелелосеѓ Торсашог“, а официјални управители се Бетани Џејкобс Апел, Еоин Пол Малдони, Фергал Пауер и Стивен Џон Мекговерн.
Бројките за работењето на компанијата изминативе години покажуваат дека таа имала солидни приходите, кои од година во година се зголемувале, но со нив растеле и расходите. Добивката пак, низ годините доживува вистински осцилации.
Ако ги погледнеме последните три години ќе видиме дека во 2022 година имале 20 милиони евра приходи, додека расходите достигнале над 25 милиони евра, но успеале да остварат добивка од 1 милион евра.
Следната 2023 година нивните приходи достигнале над 31 милион евра, додека расходите над 30 милиони евра. Добивката во 2023 година достигнала 890 илјади евра.
Во текот на минатата 2024 година компанијата успеала да направи приход од 32 милиони евра, додека расходите достигнале 28 милиони евра. Добивката на крајот на минатата година изнесувала 3,5 милиони евра.

Според неофицијални информации, „Аптив“ од август досега, го намалила бројот на вработени за околу триесет отсто.
- Аптив ќе го консолидира производството на своите компоненти за напредна безбедност и корисничко искуство во Европа што ќе резултира со затворање на нашата локација во Скопје. Имаме сеопфатен план за поддршка на нашите вработени во Скопје во текот на оваа транзиција усогласена со локалните закони и прописи за труд. Се очекува имплементацијата да биде завршена до четвртиот квартал 2026 година - одговориле од АПТИВ за Телма.
Од Технолошко-индустриските развојни зони потврдиле оти добиле информации од менаџментот на „Аптив“ дека се водат преговори со други мултинационални компании за еневтуално преземање или продажба на нивниот бизнис во земјава.
П.О.Можеби ќе ве интересира
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете




