20 Мај, 2024
0.0402

Kaко со исхраната да се заштитиме од штетните УВ зраци?

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Иако се зголемува свесност за  користењето на кремите за заштита од штетните УВ зраци, сепак и храната може да помогне во борбата против негативните ефекти. Заштитата почнува од чинијата. Со правилната и балансирана исхрана се намалуваат и шансите за алергиски реакции на сонце.

Нутриционистот Диана Шалевска објаснува дека неколку намирници можат да ни помогнат и да ја заштитат кожата која е изложена на високото УВ зрачење кое го имаме преку лето.

„Бројни истражувања докажале дека одредени нутриенти како бета каротен, витамин Ц, A, Е и минералите цинк и селен со своите антиоксидативни својства помагаат во заштита на кожата од штетните УВ зраци како и нејзино опоравување после изложување на сонце. Најдобро е овие нутриенти да се користат од природни извори. За заштита и опоравување на кожата после изложеност на штетните УВ зраци се препорачува консумирање на: риба, особено морска богата со витамин A, Д и омега 3 масни киселини. Ја заштитуваат кожата од слободните радикали и помагаат во опоравувањето и епителизацијата. Црвена пиперка, богата со витамин Ц, антиоксиданти кои имаат важна улога во синтеза на колагенот. Морков, лубеница, диња, лиснат зеленчук(спанаќ, кељ), богати со бета каротен со што потикнуваат рамномерна пигментација на кожата“, вели Шалевска.

Зелениот чај  исто помага и добро е во лето дневно да пиете по 2-3 шолји од овој напиток. Водата е неопходна во жешките летни денови за заштита на кожата.

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој може да помогне во борбата против оксидативен стрес, а влијае и на здравјето на кожата.

„Ликопенот е каротеноид кој ние не можеме да го создаваме во нашиот организам, затоа треба да се внесува преку исхраната. Особено богат со ликопен е доматот. Тој ја стимулира пигментацијата на кожата изложена на сончеви зраци и го намалува здравствениот ризик од изложеноста. Витамините Е, Ц во синергија со ликопен и бета каротен придонесуваат за зачувување на виталноста и еластичноста на кожата. И на крај да напоменам дека при високи надворешни температури исклучително е важно да се внесуваат доволно течности, вода и незасладени растителни чаеви. Зелениот чај има полифеноли кои пак ја зголемуваат способноста на кожата за заштита од сонце и ја заштитуваат од предвремено стареење. Храна која треба да се избегнува се: шеќери, заситени масти, алкохол и пијалоци кои содржат кофеин затоа што можат да доведат до дехидратација“, рече нутриционистот.

Meтеорологот Славчо Попоски вели дека идната недела ќе имаме повисок УВ индекс.

„Инаку деновиве имаме УВ индекс околу 5, 6 вредност. Следна недела очекуваме тој да биде повисок, односно 7- 8 вредност да има. Следната недела ќе бидеме под влијание и на првиот поизразен топол Африкански бран и ќе имаме постабилно време и повеќе сонце“, рече Попоски.

Деновиве имавме врнежливо време, но вистинското лето допрва доаѓа.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/veronastudio

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража