17 Мај, 2024
0.0310

Како Србите ни го креваат „шеќерот“?

Објавено во: Економија 30 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

На едно македонско „благце“ се продаваат 10 до 15 слатки од Србија базирани на брашно, какао, шеќер, млеко, масло и масти и слично, потенцира првиот човек на „Витаминка“ и најголем акционер Симон Наумоски во годишниот извештај за 2017 година на најголемата и најсилна македонска кондиторска индустрија „Витаминка“ и потенцира дека српските компании на нивниот домашен пазар се максимално заштитени од конкуренција на „Витаминка“ и на други македонски кондиторски компании

На македонскиот кондиторски пазар целосна доминација имаат кондиторски производи со потекло од Србија или од српски фирми во земјава, се тврди во годишниот извештај за 2017 година на најголемата македонска кондиторска индустрија „Витамонка“ од Прилеп. Според нивниот извештај потпишан од Симон Наумоски, претседател на одборот на директори, долгогодишен успешен и признат стопанственик кој од „Витаминка“ направи извозен гигант, пишува дека по глава на жител во нашата земја српските производители пласираат 10 до 15 пати повеќе вакви производи од македонските фабрики.

„Ете колку се штитат се штитат и „поддржуваат“ домашните производни компании од странските компании, посебно оние од Србија, кои мудро од страна на нивните владини институции максимално се заштитени од нашето присуство на тој пазар“ се заклучува во последниот пасус од годишниот извештај за работењето на „Витаминка“ објавен и на интернет страницата на Македонската берза.

„Витаминка“ е најголемата и најконкурентната македонска кондиторска индустрија. Лани „Витаминка“ остварила приходи од продажба во износ од 1,56 милијарди денари од кои поголем дел се од извоз. Нето добивката на „Витаминка“ лани е 18 милиони денари,а сеопфатната добивка изнесува 21,4 милиони денари. Во споредба со2016 година со ист обем на приходи „Витаминка“ бележи пад на нето добивката за 14 милиони денари.

„Витаминка“ лани вложи 2 милиони евра во нова опрема

„Витаминка“ лани вложи над 2 милиони евра во набавка на нова опрема за да ја подобри својата конкурентност пред се за извозната ориентација. Во годишниот извештај пишува дека во целост е набавена нова производна линија за брендот „Чоко Стоби флипс“ од чие производство 90 отсто се пласира на странските пазари. Воедно набавена е и нова производствена линија за кремови, вложено е и во други производни линии како и во изградба на модерен дистрибутивен центар на готови производи.

„Витаминка“ лани ги вработи првите четири дипломирани стипендисти – студенти на скопскиот Технолошко-металуршки факултет.

Во рамки на својата практика за општествено-одговорна компанија „Витаминка“ лани ги вработила четворицата стипендисти кои завршиле односн дипломирале на скопскиот државен Технолошко – металуршки факултет.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна