27 Април, 2024
0.0363

Како „Стопанска банка Битола“ го зголеми профитот за 43 отсто?

Објавено во: Економија 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

„Стопанска банка Битола“ лани го зголеми профитот за 43 отсто во споредба со 2016 година, а во однос на 2015 година лани добивката пораснала за 5,5 пати. Ова е тренд што влева доверба кај актуелните, но и кај потенцијалните акционери.

Пазарна офанзива ефектуирана со раст на нето приходите од камати и од надоместоци и провизии, зголемено кредитирање и зголемена доверба кај штедачите и деловните партнери кои депонирале средства, покажуваат резултатите на битолска „Стопанска банка“ за лани споредено со 2016 година. Паралелно со тие процеси менаџментот на „Стопанска банка Битола“ лани успеал да ја намали загубата заради оштетување нефинансиски средства и да ги намали резервациите на кредитните пласмани. 

Сите горенаведени параметри резултираа со тоа „Стопанска банка Битола“ лани да ја зголеми  добивката за 43 отсто во споредба со профитот од 2016 година. „Стопанска банка Битола“ исто како и ТТК Банка  покажа дека големината на банката може да биде предност, а не проблем остварувајќи го најдобриот резултат досега. Во споредба пак со 2015 година , лани Стопанска банка Битола го зголемила  профитот за пет и пол пати, што сигурно е охрабрувачки за нејзините акционери, но и за сите потенцијални инвеститори!

Како лани изработи„Стопанска банка Битола“?

Вкупните приходи од камати лани изнесуваат 460,26 милиони денари и во споредба со 2016 година се поголеми за 26 милиони денари. Паралелно со нив растат и расходите за камати и тоа за 9 милиони денари што довело до нето приходи од камати на износ од 316 милиони денари кои се за 19 милиони денари повисоки од 2016 година. Раст е забележлив и кај втората по големина приходна ставка односно надоместоците и провизиите. Нето резултатот за лани е 98,8 милиони денари што е за речиси 10 отсто подобро остварување од 2016 година. И кај двете најголеми и најзначајни приходни ставки банката го подобрило лани своето работење за 28 милиони денари. Кај останатите приходи од дејноста банката лани има за 22 отсто послаб резултат односно за 12,7 милиони денари.

Значајно е дека лани резервациите се помали за 9,4 милиони денари во однос на 2016 година, што е позитивен резултат особено ако се има предвид дека е зголемено кредитирањето. Особено значајно е и намалувањето на загубата заради оштетување на нефинансиски средства лани во однос на 2016 година. Лани за таа намена трошокот на банката бил 2,9 милиони денари, а во 2016 година бил 13,5 милиони денари. Од другите трошоци единствени со значаен раст се останатите расходи од дејноста кои достигнале 184,1 милиони денари, а во 2016 година биле помали за 22 милиони денари.

Банката лани го зголемила нивото на кредитирање за 10 милиони евра односно за 632 милиони денари достигнувајќи ниво од 6,73 милијарди денари.Истовремено банката ги зголемила своите вложувања во хартии од вредност за 143 милиони денари до ниво од 296,9 милиони денари. Лани депозитната база расте и до крај на годината достигнува ниво од 8,17 милијарди денари што е раст за 475 милиони денари до однос на 2016 година.

„Стопанска банка Битола“ лани оствари добивка од 43 милиони денари што претставува профит од 110 денари по акција. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност