Како „Техномаркет“ прави пари од бизнисот со бела техника и апарати за по дома?
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2019
Бизнисот на четирите најголеми ланци маркети за бела техника и апарати за дома пораснал за 16,5 милиони евра и стигна до 120 милиони евра.
Официјалните податоци покажуваат дека во конкуренција се четири најголеми ланци за малопродажба на бела техника и апарати за домаќинство. Тие заедно лани имале промет од 120 милиони евра, а нивната продажба пораснала за 16,5 отсто во споредба со 2017 година.
Нептун го зазема првото место на тронот. Зад него се Сетек и Амц а Техномаркет се смести на четвртото место на нашата листа.
„Техномаркет“ е најстариот бренд на бела техника од конкурентите кој сега е најмал во оваа конкуренција.
Позитивно е тоа што „Техномаркет“ лани ги зголеми приходите од продажба за 41 отсто и тие надминале 10,8 милиони евра.
Лошата вест е таа што расходите се поголеми од приходите и компанијата годината ја завршила со загуба од 1,27 милиони евра. „Техномаркет“ лани вработил 31 лице и има 158 вработени , најмалку во конкуренцијата.
Целата анализа читајте ја тука.