19 Декември, 2025
0.0593

Кој е шампион за бела техника и апарати за по дома?

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2019 07:10

Добивај вести на Viber

Очигледно дека како нација сме манијаци за апарати и уреди за по дома како и за бела техника. Бизнисот на четирите најголеми ланци маркети пораснал за 16,5 милиони евра и стигна до 120 милиони евра!!!

Малопродажниот трговски ланец „Нептун“ и лани е кралот на продажбата на бела техника и апарати за во домаќинство на територијата на нашата земја. Официјалните податоци покажуваат дека во конкуренција се четири најголеми ланци за малопродажба на бела техника и апарати за домаќинство. Тие заедно лани имале промет од 120 милиони евра, а нивната продажба пораснала за 16,5 отсто во споредба со 2017 година.

„Нептун“ е убедливо најголем играч на домашниот пазар на бела техника и апарати за дома. Лани оваа компанија остварила вкупни приходи кои изнесуваат 56,8 милиони евра и тие во споредба со лани се поголеми за 6 отсто. Оваа компанија држи безмалку половина од целиот пазар што значи дека сама прави приход колку што заедно прават нејзините три конкурентски компании. Добивката на „Нептун“ лани е 2,78 милиони евра и е двојно повеќе од профитот на најголемиот ривал „Сетек“. „Нептун“ воедно вработува и најмногу лица вкупно 396 вработени. Нивниот број лани е зголемен за 17 лица.

„Сетек“ се наметнува како најголем ривал на „Нептун“. Оваа компанија лани имала вкупни приходи кои изнесуваат 38,23 милиони евра. Оваа е најбрзо растечка компанија на нашиот пазар затоа што нејзиниот приход лани пораснал за 37 отсто во однос на претходната година. Тоа е 10,3 милиони евра повеќе од претходната година. „Сетек“ лани остварил добивка од 1,26 милиони евра и вработил 56 нови вработени. Вкупниот број на вработени лани е 322 лица.

На третата позиција е „АМЦ“ и ова е единствената компанија која има статус кво на вкупните приходи во однос на конуренцијата. Тие лани изнесувале 13,9 милиони евра, а добивката е 45.600 евра. За „АМЦ“ е најзначајно тоа што бројот на вработени лани е најголем во споредба со конкуренцијата (како процент од вкупниот број на вработени н.з.). Компанијата на крај на 2018 година има 170 вработени што е за 50 повеќе од претходната година.

„Техномаркет“ е најстариот бренд на бела техника од конкурентите кој сега е најмал во оваа конкуренција. Позитивно е тоа што „Техномаркет“ лани ги зголеми приходите од продажба за 41 отсто и тие надминале 10,8 милиони евра. Лошата вест е таа што расходите се поголеми од приходите и компанијата годината ја завршила со загуба од 1,27 милиони евра. „Техномаркет“ лани вработил 31 лице и има 158 вработени , најмалку во конкуренцијата.


Кој колку вреди?

Според главнината и резервите позициите се вакви: најголем е „Нептун“ компанијата вреди 6,8 милиони евра. Следи најамбициозниот млад ривал „Сетек“ со 3,55 милиони евра пред АМЦ со 2,07 милиони евра и  „Техномаркет“ со 1,76 милиони евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар