18 Мај, 2024
0.0371

Како „Тетекс“ ги прави парите?

Објавено во: Економија 27 Август, 2018

Добивај вести на Viber

„Тетекс“ од дивиденди во фирмите каде поседува акции и удели добил дивиденда од 708.600 евра. Тие пари учестуваат со 97 отсто во добивката на „Тетекс“ за првото полугодие. Оперативната добивка од дејноста учествува со помалку од 3 отсто во полугодишниот профит на најголемата и најпозната македонска текстилна компанија. Дивидендата донела повеќе пари на „Тетекс“ од целата полугодишна продажба на домашниот пазар

Најголемиот македонски текстилен комбинат за првите шест месеци годинава има добивка од 725.000 евра и таа е за 13 отсто повисока од добивката што ја оствари во истиот период лани. Специфично за „Тетекс“ е тоа што главните пари од неговата добивка не се од дејноста, туку од дивиденди од неговите стекови во други компании, покажуваат податоците од неконсолидираниот финансиски извештај.

За првите шест месеци „Тетекс“ има оперативна добивка од 16.400 евра и тоа е помалку од 3 отсто од неговата добивка. Другите 708.600 евра се пари од дивиденди, а тоа го потврдува и официјалниот податок од паричниот тек каде се гледа дека „Тетекс“ во првата половина од годинава има прилив од дивиденда од 711.000 евра и тој е поголем од истиот период лани за 20 отсто односно за 118.200 евра. „Тетекс“ поседува акции и удели во фирми и од нив добива дивиденда. Од официјалните достапни податоци се гледа дека „Тетекс“  најголем приход од дивиденда има од своите акции во ТТК Банка, каде поседува 41,5 отсто од акциите со право на глас. По тој основ „Тетекс“ лани остварил дивиденда од ТТК во износ од 550.000 евра. Другите 158.600 евра се од дивиденда од друго друштво или од други друштва. Иако нема официјален податок веројатно е дека другиот дел од дивидендата доаѓа од фирма-ќерка која се заминава со трговија со нафтени деривати.

Како работел „Тетекс“ во првите шест месеци?

Приходот од продажба за првото полугодие е 1,49 милиони евра и е за 7 отсто понизок од продажбата во истиот период лани. Значаен пад има приходот од продажба на домашниот пазар. Тој донел 706.000 евра и пад за 19 отсто. Извозот бележи раст во споредба со лани за 50.000 евра и на „Тетекс“ му донел 786.000 евра за првата половина од годинава.

Во вакви услови оперативните трошоци на „Тетекс“ пораснале за 6 отсто во споредба со лани и надминале 2,18 милиони евра.

Многу знајачајна карактеристика на „Тетекс“, од аспект на вложување во таа акција, е тоа што дава солидни дивиденди три години по ред и тоа што компанијата нема краткорочно ниту долгорочно кредитно задолжување.


Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа