Добивај вести на Viber
Скапите производи се ставаат на ниво на очите, се поставуваат колички за пазарење за деца , има идеална температура - супер маркетите внимаваат на работите кои ќе ве натера да дадете повеќе пари од вашиот џеб. Триковите се различни.
Луѓето главно одат во супермаркет , за да купуваат храна. Сепак , во повеќето големи продавници се нудат и други производи од секојдневниот живот , кои ако се распределени на вистински начин, низ сите полици во продавницата, а не само на еден штанд , шансата да бидат купени е поголема.
Специјалните колички за деца не се само симпатична работа за децата додека нивните родители купуваат. Тие ги поттикнуваат децата исто така да избираат производи, кои сакаат да им бидат купени од страна на нивните родители.
Клиентите ги поврзуваат пазарите за зеленчук и овошје , кои се од локално производство , со позитивните асоцијации и доверба кон продавачите . Токму затоа супермаркетите нудат овошје и зеленчук уште на влезот на продавницата за да се постигне духот на овие пазари.
Супермаркетите ставаат поголеми колички за пазарење, кои клиентите треба да ги наполнат . Кога количката не е целосно полна, клиентите имаат чувство дека не купиле доволно и продолжуваат да ја полнат со нови и нови производи.
Поголем дел од луѓето пишуваат со деска рака, па се чувствуваат поудобно , ако движењето низ маркетот е кон лево.
19 степени- ова е идеална температура за клиентите. Ако е потопло , клиентот го забавува процесот на донесување одлуки . Ако е студено , ќе сака да пазарува побрзо и да си замине од продавницата.
Супермаркетите не се тематски наредени само за да се олесни изборот за клиентите , но и за да ги охрабрат да купуваат повеќе. Ако сакате да купите паста , можете секогаш да видите неколку вида сос од домати во непосредна близина до тестенините.
Супермаркетите потпираат и на мрзеливоста на нивните клиенти. Додека најевтините производи се ставени на најниските полици , тогаш најскапите се ставени на нивото на очите - па да не мора да се наведнувате дополнително за нив . Промоциите и намалените производи вообичаено седат на средината на маркетот.
Цената е пониска кај поголемо количество купени производи . Ова правило на секојдневниот бизнис се користи и во супермаркетите. При групирање на производи во големи количини на полиците во продавницата , клиентите остануваат со чувство дека направиле добра зделка .