22 Ноември, 2024
0.0267

КАКО ТРОШИ ВЛАСТА ПРЕД ИЗБОРИ - за 16 дена буџетски расходи од 217 милиони евра, доминираат „чудните“ разни трансфери

Објавено во: Економија 31 Август, 2021

Добивај вести на Viber

За точно 16 работни дена, откако спикерот Талат Џафери ги распиша локалните избори на 6 август годинава, па се до пред два дена, Владата потрошила 217 милиони евра.

Ова го покажуваат податоците на Министерството за финансии, кое почна да ги прикажува на дневна основа буџетските трошења кои сега се случуваат, преку алатката Буџетски трошоци во изборен период.

Како што е познато, оваа обврска да ги објавува дневно буџетските трошења ја има Министерството за финансии согласно членот 8 а од Изборниот законик, кој има за цел да ја елиминира можната предизборна корупција од страна на власта во предизборен период, со оглед што кај неа е буџетското чекмеџе и таа располага со народните пари, па би можекла и дел од нив да пренасочи за добивање на довербата од гласачите.

Овој член во Изборниот законик се додаде додека со земјава владееше ВМРО-ДПМНЕ, со оглед што тогаш опозициската СДСМ тврдеше дека поранешната власт која располага со големи буџетски средства, добар дел од нив ги употребува во давање на разни социјални бенефиции или токму тогаш стартува капитални проекти, или, пак, вработува, само со цел да ја „купи“ наклонетоста на гласачкото тело, а некогаш и директно да го уцени. Со цел да се елиминира или барем да се сведе во подносливи рамки предизборното корумпирање, а под притисок и на меѓународните организации, се донесе членот 8 а од Изборниот законик.

„Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието и изборот на Владата, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовни плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страна во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Министерството за финансии две недели по распишување на изборите поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки, во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесување на извештајот кој се објавува на веб страната на Министерството за финансии“, се вели во овој член од Изборниот законик.

Што говорат дневните бројки на финансии, Фактор направи анализа од достапните податоци за 16 работни дена.

Потрошени се вкупно 217 милиони евра буџетски пари, при што одредени денови помалку, а одредени многу повеќе, а како генерален заклучок може да се донесе дека убедливо најмногу и дневни трошења, но и вкупно, имало за ставката субвенции и трансфери, со тоа што, пак, во неа доминирала потставката разни трансфери. Таа е често критикувана од јавноста дека е премногу генерална, како и дека во неа можат да влезат и разно разни исплати кои не секогаш се со „добри намери“.

На 6 август кога беа распишани изборите беа потрошени 37 милиони евра. Од нив половината отишле за стоки и услуги, и тоа најмногу за договорни услуги, а другата половина или околу 17 милиони евра се наменети за субвенции и трансфери, при што безмалку целиот износ отишол за разни трансфери.

На 9 август државата поарчила помалку, околу 11 милиони евра, а најмногу пари отишле за стоки и услуги, потоа тековни трансфери до општините, но и за отплата на долгови кон домашни кредитори, што е редовно раздолжување.

Следува 10 август со потрошени државни пари од над 34 милиони евра. На тој ден имало еден голем државен трансфер до општините, од дури 19 милиони евра, а дали тоа е редовна и неопходна исплата или, пак, е на некој начин поврзано со претстојните локални избори, треба да утврдат надлежните органи.

На 11 август, пак, од државниот буџет се одлеале 14 милиони евра, а од нив дури 10 и пол милиони евра отишле за субвенции и трансфери, и тоа речиси сите за разни трансфери. Оваа буџетска ставка секогаш им боде очи на буџетските полначи, бидејќи е многу генерална и никој точно не знае што се всушност се исплаќа преку неа и каде завршуваат народните пари.

Следува 12 август со многу помало буџетско трошење, од нешто над 5 милиони евра, а на тој ден најголемиот дел или околу една третина отишол за стоки и услуги. Еден ден подоцна државата поарчила девет милиони евра, од кои повеќе од половината или близу шест милиони евра се наменети за субвенции и трансфери, и тоа главно – за разни трансфери.

На 16 август се направени вкупни буџетски трошења од близу четири милиони евра и тогаш близу полоивината отишле за социјални бенефиции. Следниот ден се искристени 11 милиони евра од буџетот, а половината се пак за субвенции и трансфери, и тоа главно разни трансфери. Наредниот, 18 август, буџетот бил полесен за 14 милиони евра, при што овој пат осум милиони евра се за стоки и услуги и тоа главно за договорни услуги, а добар дел отишол и за социјални бенефиции.

На 19 август се потрошиле пет милиони евра, од кои половината пак се за субвенции и трансфери. И, на 20 август повторно имаме позначајно трошење, од околу  13 милиони евра, од кои речиси две третини отишле за стоки и услуги. На 23 август од буџетот се исплатени девет милиони евра, и од нив пет и пол милиони евра пак се наменети за субвенции и трансфери. На 24 август имало помало трошење, а доминирале стоки и услуги.

На 25 август се одлеале 11 милиони евра,. Повторно над половина отишле за субвенции и трансфери. На 26 август, пак, власта поарчила околу седум милиони евра, и најголемата ставка и овој пат е субвенции и трансфери.

И конечно, на 27 август, кога е последниот ден за кој го има обвјавено податокот Министерството за финансии, има дневни расходи од 30 милиони евра, но најголемиот дел од парите или 27 милиони евра, се потрошиле за капитални инвестиции.

Нина Нинеска-Фиданоска

Фото: freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат