Каков би бил светот ако исчезнат парите?
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2016 11:47
Четирите најголеми банки имаат удел во дури 75 проценти од вкупните сметки во светот, пишува Independent. Доколку системот на само една од нив се урне, огромна, незамислива количина на пари, едноставно - ќе исчезне.
Последиците би биле катастрофални: банкоматите и дебитните картички би станале неупотребливи, со што само ќе отвори патот кон комплетен финансиски колапс.
Tокму ова сценарио од државите прави робови на големите банки. Даночните обврзници трошат големи пари за да ги спасат големите банки, бидејќи во случај на нивна пропаст, милиони луѓе би останале без своите пари. Сепак, ова не би било случај доколку парите "се ослободат" од овие банки. Исто како што имаме право да земеме кеш, така ни е гарантирано и правото да земеме дигитални пари и самостојно да располагаме со нив, без мешање на банките.
Дигиталните пари би биле електронска верзија на банкноти и монети, кои се разликуваат од оние кои ги користите на своите дебитни картички, поради начините на нивната изработка.
Моментално, од сите пари кои се користат во Велика Британија, само три проценти се вид на кеш. Останатите 97% се пари кои ги креираат приватните банки кога даваат заеми, кои се во електронски облик.
Дигиталните пари на луѓето и компаниите им нудат можност за директно плаќање едни кон други.
Способноста за електронско плаќање е од суштинска важност за модерниот живот, но само во Велика Британија постојат повеќе од милион луѓе кои немаат отворени сметки во банките.
проценти од вкупните сметки во светот, пишува Independent. Доколку системот на само една од нив се урне, огромна, незамислива количина на пари, едноставно - ќе исчезне.
Последиците би биле катастрофални: банкоматите и дебитните картички би станале неупотребливи, со што само ќе отвори патот кон комплетен финансиски колапс.
Токму ова сценарио од државите прави робови на големите банки. Даночните обврзници трошат големи пари за да ги спасат големите банки, бидејќи во случај на нивна пропаст, милиони луѓе би останале без своите пари. Сепак, ова не би било случај доколку парите "се ослободат" од овие банки. Исто како што имаме право да земеме кеш, така ни е гарантирано и правото да земеме дигитални пари и самостојно да располагаме со нив, без мешање на банките.
Дигиталните пари би биле електронска верзија на банкноти и монети, кои се разликуваат од оние кои ги користите на своите дебитни картички, поради начините на нивната изработка.
Моментално, од сите пари кои се користат во Велика Британија, само три проценти се вид на кеш. Останатите 97% се пари кои ги креираат приватните банки кога даваат заеми, кои се во електронски облик.
Дигиталните пари на луѓето и компаниите им нудат можност за директно плаќање едни кон други.
Способноста за електронско плаќање е од суштинска важност за модерниот живот, но само во Велика Британија постојат повеќе од милион луѓе кои немаат отворени сметки во банките.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




