Каков човек бил терористот од Стокхолм?
Објавено во: Свет 09 Април, 2017
Полицијата го утврди идентитетот на мажот кој е уапсен на 7 април, за нападот во Стокхолм.
Шефот на полицијата Дан Елиасон, изјави дека 39-годишниот маж е државјанин на Узбекистан. Името и презимето не му го откриваат во интерес на истрагата.
Дан Елиасон, потоа забележува дека името на мажот не фигурира на списоците на Службата за државна безбедност на Шведска за 2017 година, но е споменато во податоците за минатата година.
Повикувајќи се на свои извори, локалните медиуми објавија дека мажот е симпатизер на терористичката организација „Исламска држава”, но не зборувал за религиозни теми.
Шефот на полицијата Дан Елиасон, потоа забележува дека органите на редот немаат сомнежи дека токму тој е одговорен за нападот со камион во центарот на Стокхолм.
Тој на облеката имал парчиња од стакло. Елиасон, не прецизира какви основи и колку долго мажот живеел во Шведска.
Ги испитуваат податоците од неговиот мобилен телефон и други електронски уреди, запленети од полицијата.
Во нападот загинаа четири лица, други 15 се повредени. Состојбата на шестмина од повредените е критична.