19 Мај, 2024
0.0275

Каков преседан!!! „Гранит“ на 40 „заслужните“ менаџери, директори и раководители ќе подели награди од 455.000 евра

Објавено во: Економија 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

„Гранит“ по неконсолидираниот биланс 2020 година ја заврши со оперативна загуба. Добивката е резултат на дивидендата исплатена лани од акциите во „Комерцијална банка“. Во такви услови Управниот одбор предлага да се наградат четириесетина вработени (менаџери, раководители и директори) со 455.000 евра! А за повеќе од 4.000 акционери дивиденда да се исплати од претходни години и износ што е на половина од дивидендата за лани. Ќе помине ли ова на претстојното акционерско собрание?

Претстои ли ерупција на незадоволство на малите акционери во „Гранит“??? Ги има повеќе од 4.100 лица. Идниот петок треба да гласаат за предлогот на претседателот Страшо Милковски и неговиот управен одбор со кој сака со 455.000 евра да награди четириесетина директори и раководители меѓу кои некои се и членови на управниот одбор!! И тоа во услови кога лани „Гранит“ годината ја заврши со оперативна загуба, искажа профит само благодарејќи на финансиските приходи односно дивидендата од акциите во „Комерцијална банка“.

Таа добивка Милковски и неговиот управен одбор предлага да се подели на два дела. Едниот дел е награди на членови на управниот одбор, раководители и директори во „Гранит“ (нешто над 40 лица) и за нив е планиран износ од 455.000 евра. Другиот дел е добивка за реинвестирање во износ од 605.000 евра.

Управниот одбор на „Гранит“ предлага акционерите на претстојното собрание да поделат 751.000 евра од акумулирани добивки од претходни години. Тие пари се награда што треба да ја поделат повеќе од 4.400 домашни и странски правни и физички лица. Од нив повеќе од 4.100 се домашни физички лица. Наспроти нив се нешто повеќе од 40 лица (членови на Управниот одбор, директори и раководители) кои ќе поделат награда од 455.000 евра или по 11.300 евра во просек по лице. Не кажуваат дали меѓу наградените ќе има и крупни малцински акционери??? Дали е ова иронично? Некој да добие и награда и дивиденда,а друг само дивиденда?

Како ќе се гласа на претстојното акционерско собрание ќе видиме. „Фактор“ по повод овој преседан на управата на „Гранит“ побара одговори од Управниот одбор на компанијата и од раководството на „Сава пензиско друштво“ компанија која управува со Отворен задолжнителниот пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ кој поседува 7,7 отсто од акциите во „Гранит“.

Управниот одбор на „Гранит“ не не удостои со одговор повеќе од 2 недели, непосредно по приемот на нашите прашања објави соопштение како образложение за нивниот предлог за наградување кое нема да го коментираме туку ќе оставиме да го прочитате и процените на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=55090 со наслов 04,05,2021 Образложение за одлуката за распределба на добивката.docx

 Претставниците на „Сава пензиско друштво“ максимално транспарентно и во краток временски рок ни го доставија одговорот што го објавуваме во целост :
„Во моментот правиме Анализа на Предлог одлуките за гласање на Акционерските собранија на издавачите на хартии од вредност кои ги напоменувате. Нашиот став по овие Одлуки ќе биде презентиран на самите акционерски собранија за кои уредно се води записник кој е јавен документ и како таков достапен е за инвеститорската јавност. Како и секогаш, Сава пензиско друштво ќе изгради и заземе став на начин кој е во интерес на членовите и пензионираните членови на фондовите со кои управува. “

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа