03 Мај, 2024
0.2246

Каква е навистина наплатата на даноците: Кај ДДВ оди најтешко

Објавено во: Економија 03 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Вкупните даночни приходи до септември годинава се за над пет проценти повисоки од лани, а најголем раст има на приходите остварени кај данокот на добивка, покажуваат статистичките податоци на Управата за јавни приходи. Последни се податоците за третиот квартал или заклучно со септември годинава. До тогаш државата собрала 25 проценти повеќе пари од данокот на добивка ако сумите се споредуваат со истиот период лани.

Во пари, лани до септември прихопдите од данокот на добивка биле 9 милијарди денари, а гоиднава се над 11,5 милијарди денари.

Кај персоналецот натфрлувањето е за седум проценти. Она што загрижува е што и покрај тоа што станува збор за мал процент, помал и од еден, сепак државата годинава собрала помалку пари од ДДВ споредено со истиот период лани. 

Токму ова беше спорно и кај експертите кога го критикуваа зголемувањето на данокот на личен доход, па тврдеа дека државата треба да ја зголеми дисциплината во наплатата на ДДВ или ако сака поголеми приходи да оди со зголемување на овој данок.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во неделното интервју за Радио слободна Европа тврдеше дека наплатата година оди одлично.

Нашата основна цел е да го полниме буџетот и мислам дека сега за сега тоа совршено добро го правиме. Податоците коишто ги имаме за оваа година и ги споредуваме со претходната година, покажуваат дека секаде имаме надминување на планот и на наплатата и со тоа повторно се потврдува фактот на економскиот тим дека 2019 година со гаранција може да ја сметаме за економска година. Во повеќе сектори има одредени придвижувања, рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски