14 Декември, 2025
0.0669

КАКВА КАТАСТРОФА ЗА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР, ЏОН ХОПКИНС: По ударот од Трамп, универзитетот ги гаси истражувањата и работните места

Објавено во: Свет 14 Март, 2025 13:43

Добивај вести на Viber

По ударот од Доналд Трамнп, еден од најпрестижните американски истражувачки универзитети се заканува да ги затвори клучните медицински и научни проекти ширум светот.

Универзитетот Џон Хопкинс вчера објави дека ќе отпушти повеќе од 2.000 вработени во САД и во странство, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја намали поддршката од 800 милиони долари за реномираната институција. Ова е најголемото отпуштање во историјата на овој прв американски истражувачки универзитет и влијае на 247 вработени во САД и уште 1.975 луѓе во 44 земји низ светот.

Овозможивме прочистување на водата, ја започнавме областа на генетскиот инженеринг и ја потврдивме автентичноста на Свитоците од Мртвото Море. Го изумивме сахаринот, CPR-реанимацијата и суперсоничниот млазен мотор. Нашите напори резултираа со закони за безбедносни седишта за деца, пронајдокот на драмамин, мербромин, гумени хируршки ракавици, како и со развој на револуционерен хируршки метод за лекување на срцеви мани кај новороденчиња“, наведува универзитетот некои од своите придонеси во науката.

Меѓу другото, Универзитетот Џонс Хопкинс ја изработи и најнапредната протеза за рака контролирана со мисли, испрати летало во орбитата на Меркур и за првпат успешно слета на астероид, го разви првиот ефикасен лек за српеста анемија и создаде отпорност на луѓето против убоди од пчели, стои на неговата веб-страница.

Кратењата ќе влијаат на одделот на Блумберговата школа за јавно здравство, на нејзиниот медицински факултет и на поврзаната асоцијација за меѓународно здравство Jhpiego.

„Ова е тежок ден за целата наша заедница. Прекинот на финансирањето од повеќе од 800 милиони евра од USAID сега нè приморува да го редуцираме клучниот ангажман овде во Балтимор и во светот“, соопшти универзитетот.

Владата на Трамп го разгледува и прашањето за финансирањето на 60 американски универзитети, вклучувајќи го и Хопкинс, поради пропалестинските протести на кампусите, кои ги смета за антисемитски. Демонстрантите ги отфрлаат тие тврдења и велат дека американската влада неоправдано ја поврзува критиката кон израелската воена офанзива во Газа со антисемитизмот.

Минатата недела, американската влада, исто така, откажа грантови од 400 милиони долари за Универзитетот Колумбија во Њујорк. Администрацијата на Трамп, исто така, сака да го депортира Махмуд Калил, палестински студент кој одигра значајна улога во пропалестинските протести на универзитетот.

фото: Johns Hopkins

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина