Какви отстапки доби Турција од акциониот план за мигрантите кој го одобрија лидерите на ЕУ?
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2015 09:50
Лидерите на ЕУ го одобрија акциониот план како на Турција би и се помоганло да се избори против мигрантите, а за возврат ќе добие отстапки од Брисел, вклучувајќи и полесно добивање на виза.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рекол после самитот на лидерите на 28 земји на ЕУ дека Турција мора да ги исполни своите обврски, бидејќи „акциониот план има смисла само ако се сузбие приливот на бегалци“.
Жан Клод Јункер пак рекол дека лидерите на ЕУ се согласиле да ја забрзаат работата на лесно добивање виза за државјани на Турција, но истовремено нагласувајќи дека ЕУ нема да прави компромиси околу своите стандарди.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила после состанокот на лидерите на ЕУ дека Унијата ја разгледува финансиската помош за Турција од околу три милијарди евра како би и помогнале да ги задржи сириските бегалци на свое тло и да ги одврати од заминувањето во Европа.
Таа додала дека лидерите се договориле да го ревитализираат процесот кон Турција во ЕУ и да отворат нови поглавја во преговорите, но без одлука за темата кои поглавја би биле тоа.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




