Какви технички проблеми го спречија Османи да оди во Сараево: Од МНР молчат
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2021 10:30
Еден час откако босанските медиуми соопштија дека е откажана посетата на министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи во Сараево, од македонското МНР велат дека немаат никакви информации за одложувањето. Портпаролот Бекри Ајдини за Фактор вели дека не може ништо да потврди и дека ќе прати официјално соопштение.
Информацијата за одложување на посетата на шефот на македонската дипломатија дојде од Министерство за надворешни работи на Б и Х чие соопштение беше цитирано од некои босански медиуми. Во објавата стои дека посетата морало да биде одложена поради технички проблеми поврзани со пристигнувањето на македонската делегација. Нов термин за посетата ќе биде дополнително одреден. Сепак Ајдини тврдеше дека не знае ништо.
Претходно беше објавено дека рамките на посетата, како што соопшти МНР, освен со својот домаќин, заменик-претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, Османи ќе биде примен во Претседателството на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средба со членот на Претседателството Шефик Џаферовиќ и ќе оствари средби со претседавачите на двата дома на парламентот на Босна и Херцеговина.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




