Какви забелешки има ДИК за кандидатските листи?
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2016 09:40
ДИК им остави рок од 48 часа на дел од 13-те политички партии и коалиции кои доставија кандидатски листи за да ги отстранат констатираните недостатоци.
Тоа се достава на транскациска сметка за изборна кампања, уверение за неосудуваност, изјави и копии од лични карти на кандидатите, објави Телма.
Коалицијата за промени и правда треба да го зголеми бројот на кандидатите жени. Најмногу забелешки има за листата на Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски. И во минатото оваа партија предложи лица со имиња кои се исти или слични со имињата на дел од кандидатите на СДСМ. Во третата изборна единица тие за носител ставија лице со исто име и презиме како Љупчо Николовски, дополнителниот заменик министер за земјоделство кој е исто така носител на листа во тројката. Стево Пендаровски од единицата ќе се натпреварува со Стево Продановски од Зелениково, а на Радмила Шекеринска во петката ке и се спротивстави Радмила Шукуровска од Прилеп.
Некои од членовите на ДИК велат дека СДПМ има јасна цел да ги збуни гласачите, дека станува збор за продолжено кривично дело со кое треба обвинителството да се занимава.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието




