28 Март, 2024
0.1230

КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ СЕ УШТЕ ПАЃААТ, банките не брзаат по сигналите од Народната банка, еве кои се причините

Објавено во: Финансии 05 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Последните податоци на Народна банка на Македонија покажуваат дека каматните стапки на кредитите и понатаму имаат надолна линија, наспроти мерките кои ги преземаше НБРМ изминатиов период.

Како што посочуваат во соопштението, просечната каматна стапка има минимален месечен пад, а намалување има и на годишна основа. Единствено благ раст на каматите на кредитите има кај новоодобрените задолжувања.

-  Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 4,27 отсто, додека на годишна основа оваа каматна стапка е намалена за 0,27 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 0,67 проценти. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,17 п.п.  Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити , во јуни, бележи раст од 0,02 п.п. на месечна основа и изнесува 3,99 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,04 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечно и годишно зголемување од 0,21 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 0,97 проценти – се наведува во соопштението на НБРМ.

Изминатиов период Народна банка во неколку наврати ја зголемуваше основната каматна стапка со цел да им испрати сигнали на банките дека треба да се зголемат каматите на кредитите до граѓаните. По трите зголемување на основната каматна стапка изминативе три месеци, сега таа изнесува 2,5 отсто, а една од целите за нејзиното зголемување е секако зауздување на инфлацијата.

Упатените во областа појаснуваат оти комерцијалните банки ги следат сигналите на НБ, но сепак, одлуките за раст или намалување на каматите на кредитите и депозитите ги носат согласно интерните состојби и конкуренцијата на пазарот.

-  Дали и кога ќе почнат да ги следат препораките на НБ зависи од самите банки. Ако НБ смета дека треба да се зголемат каматните стапки на кредитите ќе преземе и дополнителни мерки, може да ја зголеми дополнително основната каматна стапка, или пак, ќе преземе други чекори. Со тоа што НБ ја зголемила основната каматна стапка, не значи дека банките веднаш ќе почнат да ги зголемуваат каматите, не дека има директна корелација, туку они сами ќе проценат дали ќе ги зголемат каматите – објаснува поранешниот гувернер Петар Гошев.

Тој за Фактор посочува оти се забележува дека растат основните каматни стапки насекаде во светот, дека слични чекори преземаат повеќето централни банки во обид да се заузда инфлацијата и додава дека начелно има согласност меѓу светските експерти дека ерата на евтини пари завршува, поради што се очекува следниот период да се зголемуваат каматите и да се намали кредитирањето. Вчера и Банката на Англија пристапи кон ново најголемо зголемување на каматната стапка во историјата на банката.

Кон спорите реакции на комерцијалните банки во Македонија на пораката која НБ ја испраќа уддел има и конкурентноста во земајва. Банките во обид да привлечат повеќе клиенти не брзаат со одлуките за раст на каматите, а кон тоа придонес има и разликата меѓу каматите на кредитите и депозитите.

-  Порано имавме помалку банки, денеска се 15-тина банки, при што имаме неколку поголеми, носители на банкарскиот сектор. Сепак, зголемената конкуренција овозможува подобри услови за граѓаните, за корисниците. Дополнително маргините меѓу каматите на кредитите и на депозитиет се уште е голема, и банките кај нас имаат солидни заработки, поради што не брзаат со раст на каматите, туку ги следат состојбите и прават калкулации внатре во своите банки. Сепак, ако инфлацијата породолжи, можни се дополнителни мерки од НБ, кои подоцна сепак ќе резултираат со раст на каматите – вели Гошев и додава дека со тоа што има раст на каматите на новоодобрените кредити, банките веќе покажуваат сигнали дека ги следат стапките на НБ, но дека тоа не се случува веднаш, туку потребен е подолг период.

Поранешниот гувернер посочува оти глобално состојбите се многу неизвесни, не можат да се прават точни проекции и укажува оти кон ова придонесува, не само војната во Украина, туку и новите тензии, односно политички судири кои се сметаат за потенцијални воени судири. Воедно Гошев потенцира дека доколку е неопходно зауздување на кредитирањето Народна банка покрај раст на основната каматна стапка, ќе пристапи и кон други мерки кои ќе водат кон посакуваните резултати.

Фото: Фактор.мк

Петранка Огнаноска 

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка