19 Мај, 2024
0.0322

Камен-темелник на ТИРЗ во Делчево

Објавено во: Економија 30 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Уште една технолошко-индустриска развојна зона ќе стартува денеска.

Камен темелник ќе биде поставен на ТИРЗ во најисточниот град Делчево, и по тој повод се организира свеченост во 13 часот.

Оваа технолошко-индустриска развојна зона е нова надеж за нови работни места доколку придонесе за зголемување на бројот на компании кои ќе инвестираат во овој регион.

Проклетството на македонските бизнисмени или успешен проект за иднината се ТИРЗ? За домашните инвеститори слободните економски зони, кои важат за бесцарински територии, ослободени од давачки и придонеси по различни основи, треба да се отворат и за домашниот капитал.

“Јасно е дека сега имаме состојба на дискриминација на домашниот бизнис кога зборуваме за Слободните економски зони. Тетовската зона е прва која функционира по принципот на јавно-приватно партнерство и затоа сметам дека таа треба да се отвори и за влез на домашни компании“ – изјави неодамна за “Фактор“ Мендерес Кучи, прв човек на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Поволностите што Македонија ги нуди преку Слободните економски зони се клучниот владин адут кога преговара со инвеститорите.

“Бенефициите за странските инвеститори се оние кои тие ексклузивно ги добиваат, додека евтина работна сила и даночни поволности се олеснувања кои важат за сите, и странски и домашни инвеститори. Во поглед на извозот и увозот, евидентно е дека т.н. додадена вредност во нашата економија се сведува само на додадената работна рака. Тоа и не е толку лошо, имајќи предвид дека тие фабрики ќе го вработат контингентот на невработена работна сила во нашата економија“ – објасни неодамна за Фактор професорот Марјан Петрески

“Меѓутоа, прашањето е зошто не се привлекуваат странски инвеститори во дејности кои може да ги опслужува домашната економија, а такви се прехранбената, млечната, конзервната, металопреработувачката индустрија.

Такви странски инвеститори би оствариле поцврсто поврзување со домашната економија и ефектот за неа би бил повеќекратен. Тоа е моделот по којшто се разви Ирска. Зошто тоа не е така кај нас – не знам. Ние веројатно сакаме да ги прескокнуваме фазите на развојот, па веднаш сакаме да отидеме на висока технологија. Но, тоа има своја цена, која за почеток ќе биде малата додадена вредност што тие фабрики ќе ја создаваат во Македонија. И, мислам дека таа цена е поголема од аргументацијата дека овие нови фабрики ќе донесат know-how, организациски модели, лидерски вештини. Што ќе ни е висока технологија не знаеме како да ја користиме или ако ни треба многу време за да научиме?“ – прашува Петрески.

Колку изнесува вкупната државна поддршка што странските компании ја добиваат преку субвенции, придонеси, плати, царински ослободувања – останува не до крај јасно.

Поволностите што Македонија ги нуди на странските инвеститори кои ќе решат да вложат во Слободните економски зони се групираат во четири позиции: даночни ослободувања, царински ослободувања,  инфраструктурна логистика и субвенции.

Инфраструктура и субвенции:

Најпрво, земјиштето за изградба на погоните се дава под концесија до 99 години. Инвеститорите  се ослободени од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште кон единиците  на локалната самоуправа, како и од надоместоци за добивање на градежни дозволи. Во исто време тие не плаќаат приклучок за гасовод, водоводна и канализациона мрежа. Во зависност од бројот на вработени и вредноста на инвестицијата, Владата  учествува и во трошоците за градба на корисниците во ТИРЗ  во висина до 500 000 евра.

Даночни ослободувања:

Инвеститорите што ќе отворат фабрика во некоја од Технолошко-индустриските развојни зони целосно се ослободени од Данокот на додадена вредност, односно стапката изнесува 0%. Во период од 10 години тие се ослободени и од другите даноци. Еве какви даноци се плаќаат доколку инвеститорот е во или надвор од слободните економски зони:

                                                          Во зона                    Надвор од зона

Данок на додадена вредност            0%                              18%

Данок на добивка                           0% за 10 год                  10%

Персонален данок                         0% за 10 год                   10%

Ова значи дека инвеститорите во зоните се целосно ослободени од плаќање на данокот на добивка и персоналниот данок на доход за период од 10 години, или поконкретно инвеститорот не плаќа персонален данок за сите исплатени плати на вработените во период од една деценија.

Царински ослободувања:

Сите инвеститори во слободните економски зони се дел од Царинскиот зелен канал – не плаќаат царински давачки. Стапката за увоз на суровини и за опрема изнесува 0%. Еве какви царински давачки имаат фирмите што работат во и надвор од зоните:

                                          Во зона                                    Надвор од зона

Суровини                            0%                                               0% – 15%

Опрема                                0%                                               5% -20%

Сите овие поволности, во пакет треба да го стимулираат влезот на странски инвеститори од различни сектори, информатичката технологија,  изработка на софтвери, склопување хардвер, дигитални записи, компјутерски чипови, научно истражувачка дејност и производство засновано на нови технологии со високи еколошки стандарди, услуги кои се директно поврзани со увоз на добра кои се внесуваат во зоната (под услов добрата да не се наменети за крајна потрошувачка).

Има ли ефекти од странските инвестиции во ТИРЗ? Агенцијата за странски инвестиции го крие вкупниот број на врабоотени во компаниите што работат во Технолошко индустриските зони, како и висината на платите. Тоа се сметало за деловна тајна. Ваков одоговор добиле од невладината Македонски центар за европско образование – МЦЕО, од каде сакале да направат анализа на придобивките од доделената регионална помош, за што им биле неопходни овие параметри.

„Одговорот кој го добивме е дека ваквата информација е деловна тајна, иако за создавање на овие работни места се вложени државни пари и согласно Законот за државна помош, обврзани се да водат евиденција за новосоздадените работни места, стои во извештајот на невладината организација, наведуваат Диана Близнаковска и Александар Колекески, автори на истражувањето.

Авторите констатираат дека недостасуваат позитивни ефекти од странските директни инвестиции, а при тоа се повикуваат и на извештаите од меѓународни институции.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?