Камениот мост и Око викендот затворени за пешаци поради „Појадок на мост“
Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2013
Камениот и мостот Око од сабота во 18 часот до недела во 13 часот ќе бидат целосно затворени за пешаци поради манифестацијата „Појадок на мост“.
Град Скопје четврти пат во соработка со средното угостителско училиште „Лазар Танев“ организира „Појадок на мост“. Манифестацијата ќе се одржи в недела, од 9 до 11 часот на Камениот и на мостот Око.
В недела граѓаните кои ќе учествуваат на „Појадокот на мост“ мора да го понесат со себе бесплатниот билет, што можат да го набават лично, со документ за идентификација, на пултот поставен пред градската кафеана „Пелистер“. Пунктот на плоштадот „Македонија“ е отворен од 10 до 15 часот.
Секој посетител кој има билет ќе добие бесплатен пакет со храна и пијалак, обезбедени од донаторите. Годинава на „Појадок на мост“ ќе присуствуваат 2.500 граѓани