06 Декември, 2025
0.0477

Кан сите ги поздравува со „Те сакам“: Ирена Лозана за љубовта и мешаниот брак, мајчинството и аутизмот

Објавено во: Стил 19 Ноември, 2018 08:42

Добивај вести на Viber

Ирена Лозана е жена која носи многу инспиративна приказна со себе. Сопруга и мајка на три деца, со животна адреса во Скопје. Откако на нејзиниот син Кан му е дијагностициран аутизам, нејзината животна мисија се насочува кон децата со нетипичен развој и нивните родители.  Јога за деца со посебни потреби, организирање на „необични забави“, како и проектот „Инклузија плус“, Ирена е дел од сите активности кои ја подигаат свеста на јавноста за проблемот кој го имаат лицата со попреченост, а кој како што вели таа од ден на ден станува сѐ поголем. Отворено и искрено, оваа жена борец, за Женски Магазин раскажува за животните предизвици на семејството Лозана.

* Вие и Вашиот сопруг сте во мешан брак и потекнувате од различно верско и национално потекло. Како започна вашата љубовна приказна? 

- Приказна која инспирирала заљубени во некој од друга вера да добијат храброст и да се обидат да ја стават љубовта пред стравот од осудата од околината. Нашата приказна беше и помалку комична, со оглед на тоа дека бев бегалка на еден кат подолу, во истиот влез каде што живеев скоро цел живот дотогаш. Кога бегаш само 18 скалила од дома може да биде многу тешко, ама сега од оваа перспектива мислам дека тоа ми помогна да пораснам и да надминам многу работи во животот. Љубовта нема граници, само стравот може да биде посилен од љубовта доколку  му  дозволиме да завладее со нас. Како и да е, поразително е во 21-ви век во оваа наша држава, луѓето да се замараат со вера, нација и други поделби кои што немаат никаква вистинска вредност во однос на заедничкото живеење. 

Целата приказна читајте ја на Женски магазин, тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: