Канабисот од денес на рецепт во Велика Британија
Објавено во: Свет 01 Ноември, 2018
Од денес канабисот за медицински цели е дозволен за издавање на рецепт во Велика Британија, изјави британскиот министер за внатрешни работи Сејид Џавид.
,,Тоа ќе им помогне на пациентите со специфични медицински потреби, но тоа никако не претставува првиот чекор кон легализацијата на канабисот во рекреативни цели”, рече министерот Џавид. Многу пациенти користат илегални производи на база на канабис, а многумина и масло од канабис. Британскиот министер рече дека се консултирал со експерти пред да донесе одлука.
Ваквата одлука дојде по кампањата што беше спроведена летово, а ја покренаа родители меѓу кои и Шарлот Колдвел чиј син боледува од епилепсија.За да набави масло од канабис кое ќе му помогне на нејзиниот син да ги котролира нападите, Шарлот отишла во Канада но не ѝ било дозволено да се врати во Велика Британија. Овој случај доведе до преиспитување на внатрешната политика на Велика Британија.
,,Канабисот за медицински цели кој ќе се издава на рецепт ќе им го подобри квалитетот на живот на пациентите кои трпат силни болки. Нема ништо потешко отколку да гледаш како твој близок пати”, рече Џавид. Според неговите зборови, ќе биде променета категоријата на канабис која во Велика Британија е класификувана како дрога без терапевтски вредности.
Канабисот во одредени држави се препишува на пациенти кои боледуваат од тешки блести, како што се рак, сида, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, повреди на коскената срж и епилепсија.