Капка во море; Со европски грант Кочани ќе го развива својот геотермален систем
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2013 15:36
Со грант од 145 илајди евра од ГЕОСИ програмата на Европската унија, општина Кочани ќе го развива својот геотермален систем.
„Договорот го потпишавме во Република Словенија која заедно со Србија, Хрватска и Романија се членки на ГЕОСИ програмата на геотермални градови при Европската унија. Кочани е единствениот град од Република Македонија член на оваа асоцијација“, изјави кочанскиот градоначалникот Ратко Димитровски, кој ја предвоеше делегацијата на Кочани и на КЈП Водовод во Словенија.
Според градоначалникот, средствата ќе се искористат за изработка на проект за догревање на геотермалната вода во училиштата и оранжериите, а проектот ќе се реализира до крајот на декември 2014 година.
Инаку Македонија е подрачје на кое се наоѓаат големи количини на термални води кои воопшто не се искористуваат за добивање геотермална енергија, која значително се користи во развиените држави со ваков потенцијал. Како позитивен пример се споменува системот Геотерма во Кочанско, кој на почетокот на 2011 година овозможи користење на геотермална вода со средна температура од 75 степени, капацитет од 300 литри во секунда и годишна експлоатација од 1.4 милиони метри кубни геотермална вода. Сепак, искористеноста на овој капацитет се сведува на загревање на оранжерискиот комплекс и неколку објекти во Кочани. Истражувањата во Кочанскиот регион покажале дека на длабочина од 2.000 метри под земјата се наоѓаат резерви на геотермална вода со температура од 114 степени, со што овој регион овозможува изградба на геотермална електрана за производство на струја со моќност помеѓу 3,2 и 5 мегавати. Сепак, најави за големи проекти во оваа област сеуште нема.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





