18 Мај, 2024
0.0553

КАРАЏОВСКИ: Со риби и школки ги честевме странските делегации

Објавено во: Економија 29 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Македонски шуми Жарко Караџоски вели дека штеделе пари и дека високите кафански сметки всушнсот биле за странските делагации од Турција и Австрија. 

„За конкретната фактура за која зборувате, станува зборза австриска и турска делегација која што во многу наврати помогнала на Македонски шуми. Во текот на 2016 сме оствариле четири средби во Турција и на нивни трошок не угостувале таму. Значи динар не сме дале. Направиле една посета на Македонија и ние не требаше да им дадеме ручек,“ вели Жарко Караџовски, директор на ЈП „Македонски шуми“.

Инаку како што Фактор веќе објави Македонски шуми трошеле дебели сметки во кафеани.

Фактор открива дел од сметките, добиени со Закон за пристап до информации од јавен карактер за тоа што се било нарачувано и колку било плаќано.  

Ракчиња, октопод, морски риби, шкапи, вино и по некое виски – ова било најчесто на менито на службените вечери платени од сметката на „Македонски шуми“.  А најчесто се јадело во ресторанот „Џино“. Сметките за една службена вечера платени во овој ресторан достигнувале до 300 евра. 


Но, најголема поединечна сметка, била платени во охридскиот ресторан Билјанини извори.

Таму, за еден ручек организран на 29 јули минатата година „Македонски шуми“  потрошиле 650 евра. Од нив, дури 230 евра биле платени за пастрмката, а на крајот имало и торта и сладолед за што се платиле 60 евра. Судејќи според фискалната сметка, на овој ручек присуствувале триесетина луѓе.

Но, кога сметката стигнала во секторот финансии, оттаму барале да биде проверено, кој, зошто направил толкава сметка, и истата забелешка ја напишале на самата фактура. Сепак, според аналитичката картичка на претпријатето се констаира дека подоцна сметката била платена.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа