Добивај вести на Viber
Проблемите со дивеењето на навивачите на спортски натпревари ќе се решава по англиски терк. Прво ќе се пристапи кон дефинирање на посебните услови за одржување на спортските натпревари, што значи постоечките објекти ќе треба да претрпат корекции, заедно со просторот околу нив поради безбедноста на посетителите.
Освен од англиските, ќе се учи и од италијанските и хрватските искуства, па МВР ќе превземе обврска за изменување и дополнува на Законот за спречување на насилство на спортските натпревари изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Вели Владата изгласала дел од предложаните заклучоци на МВР, а со измените ќе треба организаторот на спортскиот напревар да ја контролира продажбата на билети. Ова пак би значело дека билет за натпревар ќе се купува само со документ за лична идентификација, со што точно ќе се знае на која трибина и кое седиште кој гледач купил билет.
„Со оглед на фактот дека сегашниот Закон не го третира прашањето за влез на лице под дејство на алкохол или козумира алкохол два часа пред натпреварот, истото треба да биде регулирано со цел полицијата да може во рамките на своите законски овластувања да го спречи лицето под дејство на алкохол да влезе во спортскиот објект“, додаде Јанкулоска.
Во Македонија годишно има околу 17 инциденти .
„Во овој период инциденти се регистрирани на 81 натпревар а гледано според географските подрачја 61 отсто се случиле во Скопје и Тетово. 67 проценти од инцидентите се случуваат на фудбалски натпревари а најчесто се случуваат на фудбалските натпревари каде што играат „Вардар“, „Тетекс“ и „Шкендија“ и 25 отсто на кошаркарските натпревари каде начести инциденти има на меѓусебните натпревари на „Работнички Фершпед“, „МЗТ“ и „Фени Индустри“ од Кавадарци“, информираше министерката која додаде дека во овие натпревари повредени се 69 полицајци, оштетени се 13 полициски возила, 50 цивилни и 11 автобуси.