Каталонија во вторник веќе би прогласила отцепување од Шпанија?
Објавено во: Свет 30 Септември, 2017
Kаталонија би можелa да прогласи отцепување од Шпанија 48 часа по завршувањето на референдумот, кој ќе се одржи во недела.
Ова го тврдат каталонските челници иако централната власт во Мадрид го прогласи референдумот за неуставен и презеде низа мерки да го спречи неговото одржување.
„По официјалното објавување на резултатите, има период од 48 часа до прогласување на независноста. Сепак, не ја исклучуваме можноста уште еднаш да седнеме и да поразговараме и сето ова да се реши политички“- вели претседателот на Каталонија, Карлес Пуигдемонт.
Каталонците со трактори, веејќи каталонски знамиња, продефилираа низ градовите од регионот, за да му дадат поддршка на забранетиот референдум, додека лидерите ги покажаа гласачките кутии и ливчиња, што планираат да ги користат в недела.
„Дали сте Каталонија да биде независна држава во форма на република“- ова е прашањето за 5,3 милиони гласачи.
Полицијата доби наредба да ги одземе сите материјали за референдумот и да го спречи користењето на јавните објекти како гласачки места.