21 Мај, 2025
0.0439

КАТАСТРОФАТА ВО ЈАБЛАНИЦА НЕ Е ПРЕДИЗВИКАНА САМО ОД НЕВРЕМЕТО: Диви каменоломи придонесоа за трагедијата?

Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2024 10:45

Добивај вести на Viber

Покрај природата, на катастрофата во БиХ помогна и човечката негрижа. Како една од можните причини за трагедијата во Јабланица, експертите се почесто ги споменуваат дивите каменоломи, како пример за отстранување на природната заштита.

Експертите тврдат дека поројните поплави се најчестата природна катастрофа во светот, но многумина укажуваат на човечкиот фактор во нивното засилување. Организацијата „Картон реловација“ ги посочува дивите каменоломи во Босна и Херцеговина како клучна причина за ваквите размери на катастрофа.

„Знам дека отпадот и шутот не се одлагаа, а кога почна поројот од тој каменолом сите камења отидоа и паднаа врз населението и куќите, па предупредивме пред неколку месеци кога во Мостарска Бела, кон Сава, парче паднало од ридови во реката при минирање на каменолом и очигледно е дека тоа не е направено според некои правила и закони. Уште тогаш предупредувавме за нелегални активности и уништување на нашата природа“, изјави Недим Мусиќ од Картон револуција.

Иако се уште се истражува одговорноста за каменоломите, професорот на Шумарскиот факултет посочува дека дивите каменоломи само ја забрзале елементарната непогода.

„Тоа што имавме трагедија во Доња Јабланица, кога беше преместена огромна маса од камен од локалниот каменолом, е сплет на околности што ја засилија поплавата“, изјави проф. д-р Ратко Ристиќ од Одделот за поплави и ерозија.

Главниот фактор за создавање на поплави е огромната количина на врнежи што се излеа во басените за многу краток временски период. Според некои информации, од 150 до 280 литри на метар квадратен, поплавите се неизбежни.

Професорот Ристиќ предупредува дека во Србија е можно слично сценарио доколку не се направи превенција.

„Можно е и во Србија, доколку се случат катастрофално високи врнежи, како оној во 2014 година, затоа што имаме многу ниско ниво на овие превентивни активности, а од 2014 година до денес, многу работи се санирани по поплавите, но не се изградени објекти кои служат за превенција. Државата мора да го зголеми нивото на средства, тоа се 40 до 60 милиони евра секоја година за овие превентивни активности, општините мора да подготват квалитетни планови за одбрана од поплави од втор ред“, предупредува Ристиќ.

Кога се случуваат поројни поплави, посочуваат експертите, водата тече со брзина од 25 до 40 километри на час, а е густа како бетон.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО ХРВАТСКА ПО ИЗБОРИТЕ: Политичар славеше во кафуле, остана во долен веш

(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО ХРВАТСКА ПО ИЗБОРИТЕ: Политичар славеше во кафуле, остана во долен веш

МАКРОН ГИ ПОВИКА ИНВЕСТИТОРИТЕ ДА ВЛОЖУВААТ ВО АЛБАНИЈА: Вели за две години таа ќе биде во ЕУ

МАКРОН ГИ ПОВИКА ИНВЕСТИТОРИТЕ ДА ВЛОЖУВААТ ВО АЛБАНИЈА: Вели за две години таа ќе биде во ЕУ

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

СРБИЈА ЌЕ КУПИ 12 АВИОНИ „РАФАЛ“: Државата се задолжува со 1,9 милијарди евра

СРБИЈА ЌЕ КУПИ 12 АВИОНИ „РАФАЛ“: Државата се задолжува со 1,9 милијарди евра

РАМА ГО ОДБИ СТАРМЕР: Не сака камп за мигранти во Албанија

РАМА ГО ОДБИ СТАРМЕР: Не сака камп за мигранти во Албанија

(ВИДЕО) СЛОВЕНЕЧКИ ПРАТЕНИК СЕ КАЧИ НА ПОКРИВОТ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ: Се закануваше дека ќе скокне

(ВИДЕО) СЛОВЕНЕЧКИ ПРАТЕНИК СЕ КАЧИ НА ПОКРИВОТ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ: Се закануваше дека ќе скокне

РАМА НА КОЛЕНА ЈА ДОЧЕКА КОЛЕШКАТА МЕЛОНИ - срдечен пречек за италијанската премиерка

РАМА НА КОЛЕНА ЈА ДОЧЕКА КОЛЕШКАТА МЕЛОНИ - срдечен пречек за италијанската премиерка

СНЕГ ПАЃА КАКО ДА Е ЗИМА! Србија побеле во средина на мај

СНЕГ ПАЃА КАКО ДА Е ЗИМА! Србија побеле во средина на мај

НАЈПОПУЛАРНОТО ОДМОРАЛИШТЕ ОД ЈУГОСЛАВИЈА СЕ РЕКОНСТРУИРА: 30 години беше заборавено, сега се враќа во живот

НАЈПОПУЛАРНОТО ОДМОРАЛИШТЕ ОД ЈУГОСЛАВИЈА СЕ РЕКОНСТРУИРА: 30 години беше заборавено, сега се враќа во живот