18 Мај, 2024
0.0402

Катица Јанева нема право да дава наредби, се бара одговорност од Есад Рахиќ

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Експерти за кривичното право за „Фактор“ тврдат дека законски не е можно специјалната обвинителка Катица Јанева да издава наредби до СЈО во ситуација кога се наоѓа во притвор, а одговорност се бара и од директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари, Есад Рахиќ.

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека сите свои досегашни предмети ги испраќа во редовното обвинителство по наредба на специјалната обвинителка Катица Јанева, која во моментов е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“ и чиј мандат истекува на 15 септември.

„Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага. Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за  автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“, соопштија од СЈО со најава дека на потег е колегиумот на ова обвинителство за да реши што понатаму пред предметите да се испратат до јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Во моментот кога лице-функционер е во притвор, тоа лице не смее да комуницира со други, освен со својот бранител. Затоа е притворот. Особено не смее да комуницира со институцијата или вработените на кои може да влијае, а таа институција е токму онаа која притворената ја злоупотребила.  Притворениот градоначалник, директор, државен секретар, пратеник, министер, судија, обвинител, по сила на закон ги губи ингеренциите во својата институција и капацитетот да наредува, одлучува, санкционира или решава, велат стручни лица кои се затечени од можноста да и се дозволи ваков потег на Јанева.

Извори за „Фактор“ велат дека ќе се бара и одговорност од Есад Рахиќ, директорот на притворот каде што во моментов се наоѓа Јанева во посебно одделение. Тој не требало да и дозволи на специјалната обвинителка да се поврзе со институцијата која ја злоупотребила.

Наредбата на Јанева доаша пред утрешната собраниска Комисија за именување на која треба да се гласа за нејзиното разрешување како што се бара во извештајот на Советот за јавни обвинители.

Р.Ф.



Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци