07 Октомври, 2024
0.0269

Катица Јанева од Шутка се јави со уште едно писмо

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Со ново писмо од затворот Шутка каде е во притвор, специјалната јавна обвинителка од СЈО, Катица Јанева си поднела оставка, објави Сител

Таа со новото писмо го информирала Советот на јавни обвинители дека ја активира условната оставка која ја поднесе на 15 јули. 

Во јули, на денот на апсењето на Бојан Јовановски, Јанева поднесе усмена оставка. 

Собранието сепак ќе мора да гласа за нејзиното разрешување поради процедурата пропишана во согласност со законот. 

Сите 13 пратеници од собраниската Комисија за именување денеска гласаа за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева за време на седницата која ја водеше Илија Димовски.  Одлуката е донесена без дискусија. Јанева се разрешува поради несовесно и нестручно раководење со СЈО. Седницата беше затворена за јавноста поради класифицираните податоци и важните информации кои ги содржеше извештајот. Предлогот сега ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери,  а истиот треба да се стави на дневен ред на пленарна седница.

Таа е во притвор заедно со Боки 13 и Зоки Милевски Кичеец за случајот „Рекет". Јанева е третоосомничена во случајот. 

Откако е во притвор дала наредба сите предмети од СЈО да ги преземе ЈО. 

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, денеска порача дека не е важно кој ќе ги застапува овие предмети, туку да се истера правдата до крај и да се санкционираат обвинителите.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме