19 Мај, 2024
0.0276

Катица Јанева се уште не е вратена во притвор

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Катица Јанева втор ден по ред е во приватна клиника, откако вчера беше пријавено дека поранешната специјална обвинителка, сега веќе обвинета во случајот „Рекет“, е во прединфарктна состојба.

На поранешната шефица на СЈО и е одреден притвор во истражниот затвор Шутка, а вчера и беше одредено обвинение како второобвинета, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Адвокатката Ирена Фрчковска за телевизијата Алсат изјави дека Јанева има здравствени проблеми и аномалии и дека и денеска ќе престојува во приватната клиника. Адвокатите велат дека повторно ќе бараат домашен притвор заради влошената здравствена состојба, но откако ќе добијат судски одговор во врска со гаранцијата што Јанева претходно ја обезбедила за ослободување од затворот Шутка.

Од таму велат дека минува низ некои дополнителни процедури на тестирање и нејзиното здравје го следат докторите. 

„Јанева сè уште е во болницата „Жан Митрев“ каде минува низ различни тестови Нејзината здравствена состојба се следи. По прегледите и се дијагностицирани некои проблеми и абнормалности, но сè уште се наоѓа на понатамошна анализа. Веројатно ќе остане денес во болницата. Секако, ќе побараме мерка куќен притвор, но штом ќе го добиеме решението за кауција, што ќе треба да се донесе следната недела “, рече адвокатката.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична