Катица Јанева вели дека „Рекет“ е монтиран процес
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2020
Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева се оградува од обвинението на обвинителката Вилма Русковска, а случајот „Рекет“ го нарече монтиран процес.
Вели дека против неа нема докази, и се правдаше дека не примила пари. Јанева кажа дека никој не влијаел кај неа за да ја олесни положбата на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“.
Екс обвинителката кажа дека Камчев сам се интересирал дали е таргет на СЈО и се нудел да помага на обвинителството. Јанева изјави дека Врховниот суд во март го ослободи Камчев од домашниот притвор.
Таа очекува ослободителна пресуда, а нејзините адвокати тврдат дека обвинението нема докази.
Со ова не се согласува обвинителката Вилма Русковска.
Таа вели дека не е точно дека обвинението се темели само врз основа на исказ на еден сведок. Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за 19 месецов.Вчера Бојан Јовановски, обвинет во случајот рече дека Јанева била чесна жена, дека со неа зборувал на други теми, но не и за случаите кои ги водеше СЈО.
Русковска вчера го демантираше Јовановски и кажа каде завршила торбата „Луј Витон“ со парите внатре.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.