Катимерини: Грција ги отвора границите најдоцна до 1 јули

Објавено во: Балкан 19 Мај, 2020 13:46
Грчката влада одлучи да ги отвори границите за туристите од Европската унија, Шенген-зоната и Израел најдоцна до 1 јули, но евентуално дури и порано, со можност од средината на јуни, објави Катимерини.
Релевантните одлуки на Владата се очекуваат утре или четврток, заедно со планот за поддршка на туристичката индустрија, но весникот веќе ги има основните информации.
Според истите извори, здравствените власти во земјата веќе го одобриле планот на владата да ги пуштаат туристите и останува да се финализира само датумот. Ова ќе зависи од епидемиолошките податоци на земјата, кои се многу охрабрувачки во моментот.
Отворањето на границите може да повлече и одлука сезонските хотели да започнат со работа од 15 јуни. Одлуките ќе ги соопшти утре премиерот Киријакос Мицотакис. Според одлуката на владата, патниците нема да бидат ставени во карантин или да се бара од нив да прават тест за коронавирусот.
Индивидуалните земји ќе имаат право да бараат дополнителни услови, но ЕУ побара да се почитува принципот на недискриминација.
Можеби ќе ве интересира
СИНГАПУРСКИ МИЛИЈАРДЕР ЈА РУШИ ВИЛАТА НА ТИТО: Ќе никне најлуксузен комплекс на Јадранот

„ЦРНИ“ ПРОГНОЗИ ЗА БИХ: Во ризик се 10.000 работни места

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани

ЛЕКОТ МИСАР 0,5 МГ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДОСТАПЕН НА ПАЗАРОТ: Проблем за хрватските пациенти
ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

ЌЕ ДОЧЕКААТ ЛИ ВООПШТО ПЕНЗИЈА? Светска банка предлага пензионирање на 72 години во оваа земја

ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ КАЗНА ОД 4.800 ЕВРА: Пијан Македонец се забил во паркиран автомобил во Загреб

И ДЕВОЈЧЕ ОД КОСОВО Е МЕЃУ ЖРТВИТЕ: Загина во масакрот во Грац
