„КАЖЕТЕ ШТО НЕ Е ИСПОЛНЕТО“: Вучиќ ги повика студентите на дијалог

Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2025 20:07
Српскиот претседател Александар Вучиќ на митингот во Јагодина изјави дека ги повикува студентите да се вклучат во дијалог и да кажат кое од нивните барања не е исполнето. Вучиќ рече дека доколку не сакаат да дојдат кај него, јавно да кажат кое барање не е исполнето.
- Немојте да мислите дека не знам, дека не постои. Но, еве, мое е да ги прашам уште еднаш. Ве молиме дојдете и кажете ни кое од вашите барања не е исполнето. Да се вратите во студентските клупи. Сакаме да научите. Сакаме да напредувате. Кажете ни кое барање не е исполнето. Еве ние ќе ви го исполниме, само кажете ни кое од четирите кои сте ги поставиле не е исполнето. Рековте дека нема нови - рече Вучиќ.
Како што наведе, ги молеле и нив, а особено, како што рече, „манипулаторите од Јовановиќ, Алексиќ, Крени-Промени, Ѓилас, Мариника и други да ги пријават митинзите за да бидат обезбедени“.
- Ги молевме како Господ, последниот пат кога се случи тој тежок инцидент на улицата Рузвелтова, ги молевме луѓе, не правете го тоа, пријавете ни го собирот, ние ќе ве заштитиме. Полицијата ќе ве заштити. Полицијата не може да те заштитува кога не знае дека собирот постои. Полицијата не може да ве чува на нелегални собири. Денеска никаде не пријавиле ниту еден собир - рече Вучиќ.
Наведе и дека полицијата во цивилна облека се обидувала да стигне секаде, да ги заштити децата и учениците на секое место, нагласувајќи дека полицијата во цивилна облека ја спасила ситуацијата и го уапсила девојчето кое со автомобилот удрило друго девојче.
- Ве молиме помогнете ни. Само кажете ни кога и каде сакате да ги организирате овие собири. Сето ова е незаконски. А ние се обидуваме да ве заштитиме незаконски, за да нема инцидент - рече Вучиќ.
Тој изјави дека инцидентите одговараат на „Шолак, Ѓилас и оние кои бараат да се случи нешто лошо за да можат криминално да владеат со Србија како што владееле пред една деценија и нешто повеќе“.
- И на никој друг не му одговара. Н кој од вас би му одговара? Кој сака кога некој ќе се повреди некаде? Зошто да се повреди? Затоа што некои политичари сакаат да се фатат за стол. И за што? За да се вратиме во времето кога имавме стапка на невработеност од 26 проценти, а денес е осум проценти, да се вративме во времето кога просечната плата беше 329 евра, а сега е 900 евра - кажа Вучиќ.
Тој изјави дека им треба несреќа и дека живеат од несреќи и трагедии и ништо друго бидејќи немаат што да понудат.
Вучиќ рече дека децата се злоупотребени од оние кои имаат свои политички фрустрации и политички комплекси затоа што не можат да победат на избори, не можат да победат на фер начин, па со најлоши трикови ќе се обидат да фатат рака на власт и позиции.
Фото: Архива
Можеби ќе ве интересира
„ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ, СРБИЈА КОЈА ГРАДИ“: Вучиќ го посети градилиштето Експо и покажа како тече градбата (ВИДЕО)

БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

КРАЈНО ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ – АВИОН СЛЕТАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБРОВНИК, МУ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ДРОН: Загрозена безбедноста на патниците и екипажот

ВУЧИЌ: Небото ќе ми падне на глава од притисокот за одењето во Москва

ВОЕН СОЈУЗ СО КОСОВО, АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА: Бугарските власти се огласија по изјавата на косовскиот министер

(ВИДЕО) СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ СТИГНАА ВО СТРАЗБУР: Погледнете како беа пречекани

ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ВИДЕЛЕ ПРЕД ЗГРАДАТА: Исчезнато девојче од Хрватска e пронајдено во Штутгарт

РАМА Е ГОРД НА АЛБАНИЈА: Отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ

ЗАГРЕБЧАНИТЕ ЗЕМААТ ЗА 172 ЕВРА ПОВИСОКА ПЛАТА ОД ПРОСЕЧНИОТ ХРВАТ - аирлија: Стигнаа до 1.564 евра нето
