06 Декември, 2025
0.0316

Кејт Мидлтон повторно е бремена, кралското семејство чека уште една принова

Објавено во: Стил 08 Септември, 2014 12:36

Добивај вести на Viber

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, повторно е бремена, а британското кралско семејство чека уште една принова, објавија британските медиуми, кои успеале да добијат потврда за информацијата. „Кралските височества војводата и војвотката од Кембриџ го очекуваат второто дете. Кралицата и членовите на нивните семејства се пресреќни заради оваа вест“, стои во официјалното соопштение од британското кралско семејство. Принцезата, како и при првата бременост, има утринска мачинина, а за нејзиното здравје постојано ќе се грижи лекар. Според некои информации, Кејт уште не влегла во третиот месец од бременоста, но токму заради честите мачнини откажала многу од обврските, па медиумите откриле дека таа очекува уште едно бебе иако кралскиот пар сакал веста уште некое време да се држи во тајност. Кралскиот пар веќе го има синот Џорџ, кој се роди на 22 јули минатата година. Војвотката од Кембриџ се породи во приватното крило на болницата во која и принцезата Дајана го роди Вилијам и неговиот помлад брат Хари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: