02 Мај, 2024
0.0319

КХВ го „фати за гуша“ и Сашо Давитковски продаде свои акции во „Скопски пазар“

Објавено во: Економија 21 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност утврдила дека Сашо Давитковски стекнал акции со право на глас во „Скопски пазар спротивно на член 9 став 1 и 2 од Законот за превземање акционерски друштва. Сашо Давитковски експресно постапил по Решението на КХВ објавено во Службен весник бр.32 од 15 март годинава и во петок во блок трансакција ги продал спорните 183 акции. На берзата информацијата е објавена вчера.

Сашо Давитковски, претседател на Управниот одбор, продал 183 свои акции со право на глас во „Скопски пазар“ во петокот во една блок трансакција со што постапил по Решението на Комисијата за хартии од вредност објавено во Службен весник бр. 32 од 15 март со кое беше задолжен да продаде 183 акции за кои се утврди дека ги стекнал спротивно на член 9 став 1 и2 од Законот за превземање компании. Вредноста на трансакцијата е 2,66 милиони денари (околу 45.000 евра) со единечна цена по акција од 14.550 денари. Во истиот број на Службен весник е објавено идентично решение на КХВ кое се однесува на лицето Илија Павлаковиќ, акционер во „Скопски пазар“ (неофицијално, возач на Сашо Давитковски) кој се задолжува да продаде 810 акции со право на глас во „Скопски пазар“ во период не подолг од шест месеци. Акциите се стекнати спротивно на горенаведениот член од Законот за превземање акционерски друштва. „Фактор“ до мејл адресата на „Скопски пазар“ достави прашања наменети за Павлаковиќ и доколку добиеме одговори ќе ги објаивме во целост. Павлаковиќ го прашавме зошто одлучил да купи околу 1.000 акции со право на глас во „Скопски пазар“ и со кои средства ги платил акциите (наследство, позајмица, заштеда, подарок или друго?), дали го примил Решението од КХВ и кога ќе постапи по него?


Со цел целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор“ писмено се обрати до Сашо Давитковски, претседател на УО на „Скопски пазар“ и еден од најголемите поединечни акционери во таа компанија. Го прашавме дали за ова Решението на КХВ со бр. УП 1 08-52 од 28.2.2017 објавено во Службен весник бр.32 на 15 март 2017 година ја известил Македонската берза за хартии од вредност. А го прашавме и за коментар за решение со кое КХВ наложи продажба на 810 акции со право на глас во „Скопски пазар“ сопственост на неговиот возач Илија Павлаковиќ затоа што решението е донесено врз истиот основ член 9 став 1 и 2 од Законот за превземање на акционерски друштва. Во овој контекст од Давитковски побаравме одговор дали му позајмувал пари на Павлаковиќ за акции и дали до берзата е доставено Решението на КХВ кое се однесува на неговиот возач? Одговорот што го добивме од Давитковски можете интегрално да го прочитате на следниот линк

Кој ги иницирал постапките на КХВ?

Како што дознаваме „Современ дом“ најголем поединечен акционер во „Скопски пазар“ е иницијатор на постапките во кои КХВ утврдила дека Давитковски и неговиот возач Павлаковиќ го прекршиле Законот за превземање акционерски друштва поради нивно стекнување заедно со лицата со кои дејствува заеднички спротивно на одредбите од законот. Во истиот Службен весник се објавени и двете решенија.

Според најновата актуелна и официјална евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност Сашо Давитковски поседува 10,90 отсто од акциите со право на глас во „Скопски пазар“ по промената неговиот стек треба да се намали до 10,74 отсто.Според официјалната и актуелна евиденција на ЦДХВ најголем поединечен акционер е „Современ дом Прилеп“ кој во „Скопски пазар“ поседува 24,8 отсто од акциите со право на глас. Иако е најголем акционер „Современ дом“ две години е во опозиција на акционерските собранија и нема свој претставник ниту во управниот ниту во надзорниот одбор на таа компанија. Воедно „Современ дом“ води и судски постапки против Сашо Давитковски. Втор по големина акционер е Тодорка Давитковска, мајка на Сашо Давитковски, која има 11,36 отсто од акциите во „Скопски пазар“. Во сопствен откуп и без право на глас се 11,69 отсто од акциите со право на глас.

Одговори од Комисијата за хартии од вредност

 На што конкретно се однесуваат решенијата во кои КХВ утврдила дека цитираме „поради нивно стекнување од страна на ова лице заедно со лицата со кои дејствува заеднички спротивно на одредбите од член 9 став 1 и 2 од Законот за преземање на акционерските друштва.“?

- Решенијата на КХВ, објавени во Службен весник на РМ се однесуваат на ограничување на правото на глас и правото на дивиденда на одреден број акции кои лицата Илија Павлаковиќ и Сашо Давитковски ги поседуваат во Скопски пазар АД Скопје. Имено, ограничени се акциите кои го надминуваат прагот од 25% од хартиите од вредност со право на глас издадени од акционерското друштво, поради утврдено заедничко дејствување согласно криутериумите за заедничко дејствување утврдени со Законот за преземање на ацкионерски друштва и Правилникот за критериумите за утврдување на заедничко дејствување согласно законот за преземање на акционерски друштва.

 Дали акциите кои Давитковски односно Павлаковиќ ги купувале се од лица со кои дејствуваат заеднички?

- Комисијата за хартии од вредност на РМ по спроведена контрола има утврдено заедничко дејствување согласно критериумите утврдени во член 5 став 1 точка 1 алинеја б) од Законот за преземање на ацкионерски друштва и член 2 став 1 алинеја 2 точка д) од Правилникот за критериумите за утврдување на заедничко дејствување согласно законот за преземање на акционерски друштва, а поради надминување на контролниот праг на лицата кај кои е утврдено заедничко дејствување Комисијата ги има донесено предметните решенија.

Дали кај некое од двете лица утврдивте дека износот вложен во хартии од вредност не соодветствува со неговата имотна состојба и личните примања?

-Во однос на третото прашање Ве известуваме дека имотната состојба и личните примања на лицата опфатени со решенијата не е предмет на оваа постапка, односно е ирелевантно за утврдување на заедничкото дејствување.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија