06 Декември, 2025
0.0370

Кик-фит вештина за силни „фирс“ девојки: Интервју со Драгана Андреевска

Објавено во: Стил 31 Јули, 2018 09:22

Добивај вести на Viber

Секој млад човек треба да има сон и визија по која ќе се води во животот. Работите не секогаш се случуваат така како што сме си ги замислиле, но да се има позитивната слика и визуелизација секој ден според мене е клучот за успех.

Во топлиот период од годината заинтересираноста за доведување на телото во топ форма е поголемо, па паралелно со тоа фитнес центрите и теретаните работат со полна пареа. 


Сепак да се понуди нешто уникатно во време кога понудата за вежбање е голема, особено во главниот град е умешност која малкумина ја поседуваат. Една од нив е Драгана Андреевска, која е основач на Здружението за спорт и рекреација за жени „Фирс“ во Скопје. 

Македонците веќе неколку години наназад стануваат се повеќе свесни за бенефитите од редовното вежбање, како и правилниот начин на исхрана. Тоа што претходно претставуваше тренд, полека преминува во култура и начин на живеење. 

За здрави, свесни и среќни генерации, неопходно е да се смени начинот на размислување со позитивни мисли, трпение, упорност и истрајност, а еден од начините за топење на маснотиите, одржување на телесната форма, како и неутрализатор на негативната енергија е кик-фитот, кој е спој на интензивни тренинзи, комбинирани со удари во вреќа и кардио вежби. 


Тоа што е посебно интересно и значајно да се истакне е дека се работи за женска група,  па оттука и фактот дека се учат и техники, кои може да им затребаат во ситуации каде хипотетички, нивната безбедност би била загрозена. 

За кик-фитот како техника, начинот на вежбање, придобивките, правилната исхрана, како и секојдневието на Андреевска, прочитајте во продолжение, па можеби ќе ве инспирираме да почнете да го менувате начинот на размислување  и да работите на своето тело и дух. Целото интервју прочитајте го на Женски Магазин.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: