КИНА ГО ОПОМЕНА ИРАН: Бара да ги заузда Хутите или ќе има последици
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2024 17:53
Пекинг му постави ултиматум на Техеран и бара да ги зауздаат Хутите кои вршат напади на бродови во Црвеното Море.
Кинеските власти побараа од иранските колеги да помогнат во зауздувањето на нападите на јеменските бунтовници Хути на трговските бродови во Црвено Море, поради тоа што, во спротивно, ризикуваат да ги нарушат деловните односи со Пекинг, кажале за Ројтерс четири ирански извори и дипломати запознаени со проблемот.
Неименуван ирански функционер изјавил дека кинеските функционери кажале дека, доколку на кој било начин им биде нанесена штета на интересите на Кина, тоа ќе влијае на соработката на Пекинг со Техеран. Изворите додале дека кинеските власти не прецизирале на кој начин во тој случај би биле нарушени трговските односи на Кина и Иран. Иако Кина е најголемиот трговски партнер на Иран во минатата деценија, трговскиот однос на двете земји е несреден, објави Ројтерс. Британската агенција наведува дека, на пример, кинеските рафинерии за нафта лани купиле повеќе од 90 отсто од иранскиот извоз на сирова нафта, откако американските санкции ја држат подалеку од други купувачи, а дека кинеските фирми профитирале од големите попусти.
Иранската нафта е само 10 отсто од кинескиот увоз на сирова нафта.
Поради нападите, се очекува пораст на цената на кафето. Хутите напаѓаа странски бродови. Тие на тој начин даваат поддршка на Палестинците во Газа.
foto EPA
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




