Кина забранува рекламирање на луксузни стоки
Објавено во: Стил
08 Февруари, 2013 17:15
Добивај вести на Viber
Кинеските радио и телевизиски станици ќе ги забранат рекламите на скапи и луксузни стоки поради зголемениот притисок на владата против екстравагантноста и прекумернииот отпад и корупцијата, пренесува Ројтерс.
„Ваквите реклами пренесуваат погрешни вредности и социјални доблести", соопштуваат од Државната администрација за радио, филм и телевизија.
„Како важни културни и идеолошки радио и телевизиски канали мора целосно да вршат својата образовна улога", коментира портпаролот на кинеската телевизискка агенција.
Забраната доаѓа по апелите на Си Џинпинг, новиот лидер на Кина. Сепак, како што пренесува Ројтерс, тоа може и да влијае негативно на производителите на луксузни стоки, кои силно се потпираат на експанзијата кинескиот пазар.
Минатата година владата во Пекинг ја забрани употребата на алкохол за време на банкет на кинеската армија. Тоа ги погоди производителите на скапи ликери, кои се и најголемите рекламери на телевизиските мрежи во земјата.
Најновите мерки се очекува да влијаат на производителите на накит и најмногу на луксузни часовници, кои се еден од симболите на благосостојбата во Кина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: