15 Декември, 2025
0.0315

Кинески бизнисмен „мерка“ плацеви во Софија за „Чајнатаун“!

Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2014 08:33

Добивај вести на Viber

Кинези им фрлиле око на пустите ниви во градското соседство „Обелја" , каде сакаат да ги постават темелите на бугарскиот „Чајнатаун " . Ова, во изјава за „Монитор" го откриле луѓето од регионот кои добиле предлози да ги продадат своите парцели на кинески бизнисмен. Тие додаваат дека претставникот на поднебесноте царство требало да ги откупи по килограм терените по „Околуврстен пат", како и други запуштени плацеви меѓу „Обелја" и „Илијанци" преку поставена бугарска фирма. Бизнисменот планирал да изгради станбени задруги на тоа место , во кои ќе ги смести под наем илјадниците сонародници кои живеат во Софија. Симеон Митев, шеф на агенцијата „Шанса -96" , потврди дека пред два месеци кинески бизнисмени се интересирале за плацеви во Софија , главно околу пазарот во Илијанци . Тие барале имот со површина над 30.000 квадратни метри и со дозвола за изградба на станови. До договор не дошло . Очигледно тие само собирале информации за имотите кои биле на продажба. Местото не било избрано случајно . Тоа е само на неколку постојки растојание од стоковата берза во Илијанци каде работеле претежно Кинези. Многу од нив живееле во станови во "Надеж" и "Слобода" , но при првата можност требало да се преселат на друго место , за да се само со луѓе од својата раса. Кинеската заедница во Бугарија била исклучително затворена, пишува „Монитор“. Тие биле сплотени , правеле бизнис , но не сакале контактот со Бугари. Ги прифаќале само како клиенти. „Кинезите не сакаат да разговарате со Бугари и да склопуваат пријателства. Преферираат сонародници . Тврдат дека Бугарите сакале да ги измамат или да им бараат пари на заем. Наивно е сепак да се верува дека повеќето Кинези тонат во раскош . Нивната колонија се покорува на строго дефинирани правила и хиерархија кои се почитуваат и тие не трошат пари. Поради јазичната бариера и поради националните особености, тие претпочитаат да се само со нивни сонародници " , објаснува познавач на состојбите. Токму затоа, поданиците на Кина во Бугарија сакале да си имаат свое место , како што е во секој голем град во светот. Во моментов, најголемиот дел од следбениците на Конфучие се сместени во поранешните виетнамски домови зад Илијанци . Таму тие живеат по 5-6 луѓе во еднособен стан. Пристапот до куќите сепак е ограничен од лимена ограда која оформува тесен коридор до влезот. Покрај лошата состојба во која се наоѓаат становите таму, се тврди дека Кинезите држат големи суми пари во нив. Токму поради тоа се и засилените мерките за безбедност. Секој прозорец на зградата , пак, е покриен со темни завеси или со парчиња иверица , за да не може да се гледа ништо во него . На секоја тераса има и сателитска антена , а на некои места имаат дури по две.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството