05 Декември, 2025
0.0433

Кинески полицаец поседува 192 куќи!

Објавено во: Стил 05 Февруари, 2013 13:21

Добивај вести на Viber

Шефот на полицијата на еден град на југот на Кина поседува 192 куќи и лажна лична карта, пишуваат кинеските весници. Џао Хаибина, висок полициски функционер во Луфенг во јужната најбогата провинција Гуангдонг, бил пријавен од страна на еден бизнисмен кој бил во судир со полицаецот. Тој исто така обвинил и дека Џао користи лажна лична карта при запишување на туѓо име во документите на компанијата. Според кинеските медиуми, Џао како сопственик на имотите го наведува својот помлад брат, а за судот рекол дека тој само управувал со недвижнините. Кина ја тресше сличен скандал и минатиот месец кога беше објавено дека Гонг Аиаи, потпретседателка на банка во северната провинција Шанси и пратеник во едно локално сообрание, има 20 куќи во вредност над 160 милиони долари и три лажни лични карти. Ваквите случи предизвикаа бројни критики на кинеските социјални мрежи поради се поголемата злоупотреби на власта и астрономските цени на куќите кои се далечен сон за просечниот кинески граѓанин.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: