18 Мај, 2024
0.0281

Кинези стануваат газди на „Макстил“!?

Објавено во: Економија 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренција (КЗК) објави дека кинеската компанија „Хебеи Ајрон анд Стил Груп“ има намера да стекне контролирачко учество во акционерската структура на „Дуферко Интернејшнл Трејдинг Холдинг“ од Луксембург – компанија која преку свои фирми поседува 81,78 отсто од акциите во скопската челичарница „Макстил“ Скопската челичарница „Макстил“ наскоро може да стане сопственост на кинеската компанија „Хебеи Ајрон анд Стил Груп“, потврдува државната Комисија за заштита на конкуренција на Република Македонија. Имено, до ова регулаторно тело кинезите и „Дуферко“ од Луксембург доставиле известување според кое е планирано кинеската компанија да откупи мнозински пакет акции во „Дуферко Интернејшнл Трејдинг Холдинг“ која индиректно е мнозински сопственик и поседува над 80 отсто од акциите во скопски „Макстил“. КЗК, која е во процес на оценка на влијанието што врз пазарот во Македонија ќе го има ова глобално окрупнување, издаде известување до сите заинтересирани трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација. Комисијата им дава рок до десет дена на сите заинтересирани субјекти да достават забелешки и мислења по што ќе го донесе својот конечен став за најавеното окрупнување и неговото влијание врз македонскиот пазар. Во прелиминарното испитување КЗК утврдила дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Во известувањето пишува дека конечната одлука по ова прашање е резервирана. „Макстил“, во моментов е во сопственост на две фирми од „Дуферко“ групацијата. Првата е „Дуферко Скоп инвестмент Лтд“ од Лиштенштајн која поседува 62,4 отсто од акциите и фирмата „Дуферко Скоп Лтд“ од Кипар која ги превзеде 19,38 отсто од акциите во „Макстил“ од нејзината фирма ќерка „Минјорк оверсиз“ која е ликвидирана. Со ова „Дуферко Скоп Лтд“ од Кипар директно поседува 19,38 отсто од „Макстил“ и преку нејзината фирма-ќерка „Дуферко Скоп Инвестмент Лтд“ индиректно поседува уште 62,4 отсто од акциите со право на глас во скопската челичарница. Групацијата „Дуферко Интернејшнл Трејдинг Холдинг“ со седиште во Лукмебург ги поседува директно и индиректно компаниите кои се сопственици на „Макстил“. „Дуферко“ групацијата го превзеде македонски „Макстил“ во 1998 година, а компанијата во својата глобална трговска мрежа има производствени капацитети и пунктови за трговија со челик низ цел свет: јужна и северна Америка, Европа, далечниот Исток. Кинеската компанија „Хебеи Ајрон анд Стил Груп“ е оформена во 2008 година со спојување на двете кинески компании „Тангстил“ и „Ханстил“ во кинеската компанија Хебеи. Оваа компанија е државна сопственост и ја поседува Народна  Република Кина. Компанијата има над 124.000 вработени и од достапните податоци се гледа дека има 10 подружници во Кина и сите производствени операции се во Кина.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа